Црна хроника
Шеф на мексикански наркокартел убиен од кловн
Еден од поранешните водачи на Тихуанскиот наркокартел, Франциско Рафаел Арелјано Феликс е убиен во Мексико од човек облечен во костум на кловн, соопштија локалните власти.
Според податоците на полицијата, наркобаронот бил застрелан за време на детски карневал во одморалиштето Лос Кабос во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија (Baja California Sur). Се претпоставува дека убиецот дошол на празникот преправен во кловн и го застрелал Франциско Рафаел Арелјано Феликс со два истрела од пиштол. Рафаел беше најстариот од браќата Арелјано Феликс кој во 1993 година беше осуден на 15 години затвор поради трговија со дроги во САД.
Картелот од Тихуана дејствува во оддалечениот северозападен дел од државата Долна Калифорнија, на границата со американскиот град Сан Диего. Криминалците од оваа организација криумчарат наркотици на богатиот американски пазар, а се занимаваат и со киднапирања и изнудувања. Според различни процени на полицијата и американските безбедносни служби, картелот под контрола има околу илјада вооружени „војници“.
Браќата Арелјано Феликс го водеа еден од најголемите наркокартели во текот на 1990-те во Мексико. Едниот од нив, Рамон, беше застрелан во 2002 година во престрелка со полицијата, а другите помлади браќа Хавиер, Бенџамин и Едуардо се екстрадирани во САД каде што сѐ уште отслужува долгогодишна затворска казна. Во меѓувреме, според мексиканските медиуми, картелот од Тухуана го раководи нивната сестра Енедина Арелјано Феликс, станувајќи првата жена на ваква „позиција“ во Мексико./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден по судир со куче на патот Р’жаничино–Таор
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник.
Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени четири лица поради за во Скопје
Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

