Скопје
Чистење на бреговите на реката Треска и на езерото „Матка“ по повод Светскиот ден на водите
Чистење на бреговите на реката Треска и на езерото „Матка“ беше организирано во вторник од страна на Градот Скопје во соработка со Нуркачкото друштво „Врело“ од Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање, а по повод 22 март – Светскиот ден на водите.
Светскиот ден на водите се одбележува со цел да се истакне важноста на водата за животот и за опстанокот на живиот свет, но и да се нагласи фактот дека светот се движи кон времето кога потребата за вода ќе ги надмине залихите. Проценка на светските експерти е дека 1,1 милијарда луѓе нема пристап до вода за пиење, а 2,5 милијарди луѓе немаат обезбедени елементарни санитарни услови. Одбележувањето на светскиот ден на водите почна од 1993 година, врз основа на Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 1992 година. Оваа, 2016 година, темата на одбележувањето на овој ден – „Подобра вода, подобри работни места“ се фокусира на тоа дека доволно количество и квалитет на вода може да го промени животот и благосостојбата на работниците и дури да трансформира општества и економии, затоа што денес во светот 1,5 милијарди луѓе работат во сектори поврзани со водите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




