Скопје
Општина Центар доби согласност да земе кредит за изградба на основното училиште Капиштец
Општина Центар во среда ја доби согласноста од Министерството за финансии за задолжување за обезбедување финансиски средства за изградба на општинско основно училиште во Капиштец.
„Министерството потврди и одобри дека општина Центар има финансиски капацитет да се задолжи во износ од 297.750.000.00 денари, кои ќе бидат наменети за изградба на првото училиште во оваа населба“, информира локалната власт.Општината претходно по предлог на градоначалникот Жерновски го раскина договорот за кредит за изградба на барокна катна гаража, склучен од претходното раководство и одлучи парите да ги инвестира во изградба на ново, современо основно училиште.„Општина Центар, од утре продолжува со неопходните активности за заокружување на постапката и избор на банка-кредитор. Останува Владата и формално да го потврди конструктивниот пристап и да донесе одлука за долгорочно задолжување кај избраната деловна банка, со што општина Центар ќе нема проблеми и пречки во изградбата на училиштето“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.