Европа
Лондон и Мадрид и натаму против испраќање оружје за Украина
Шпанскиот и британскиот министер за надворешни работи изјавија во четвртокот во Мадрид дека решението на украинската криза и натаму се заснова на дијалогот и не може да вклучува воена помош за украинските сили.
„Сметаме дека во вој момент испраќањето воена помош за украинските сили не би било полезно“, изјави британскиот шеф на дипломатијата Филип Хамонд на прес-конференцијата со шпанскиот колега.
Шпанскиот министер, Хосе Мануал Гарија Маргаљо, пак, посака „искрен и отворен дијалог“ и ја повика Русија да ја почитува „територијалната целокупност на Украина“, пренесува AFP.
„Военото решение е неприфатливо, но го зачувуваме правото на промена на ставот. Јасно е дека не можеме да си дозволиме крах на украинските сили, иако мислам дека сме уште далеку од тоа. Велика Британија засега нема да го промени ставот за воената помош“, истакна Хамонд оценувајќи дека тоа прашање „не е во надлежност на Европската унија и на НАТО“, туку на националните влади.
Маргаљо, кој има случен став како својот британски колега, сепак изрази желба „Европската унија да утврди единствен став“. „Всушност, важно е да се донесе одлука, и ЕУ мора тоа да го стори, дали Русија е стратешки партнер или противник“, рече шпанскиот министер за надворешна работа.
„Доколку (Русија) сака да биде партнер, мораме да изнајдеме начин за политичка и економска соработка… Постои услов без кој не се може, а тоа е почитување на меѓународното право коешто се гледа во почитувањето на територијалната севкупност на Украина која и самата Русија ја прифати со меморандумот од Будимпешта“, додаде Маргаљо.
Претходно во четвртокот Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Петро Порошенко и Владимир Путин повикаа на продолжување на спроведувањето на договорот од Минск, и покрај прекршувањето на примирјето регистрирано на побунетиот исток на Украина.
Најмалку 90 војници се заробени или се предале а 82 се водат како исчезнати во Дебалцево откако во средата од овој стратешки важен град, кој речиси цел месец беше во опкружување на рускојазичните бунтовници, се повлекоа украинските сили по продорот во него на бунтовниците, соопшти во четвртокот украинската армија, чии претставници во средата објавија дека во овој град загинале 22 а ранети биле над 150 нејзини припадници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

