Регион
Државјанин на Србија пронајден со пресечено грло на брод, на кој имало половина тон кокаин

На брод во Џенова кој превезувал кокаин е пронајден заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавува Џенова 24.ит.
Во италијанскиот град запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил сокриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот МСЦ Аделаид, освен дрога, бил пронајден и српскиот државјанин.
Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.
„ Истражителите уапсија двајца мажи кои ги пронајдоа на бродот. Тоа беа Кулм Камал и Фабио Папе. Потоа еден од нив беше фатен како зема кеси од контејнер што бил ставен во просторот за видеонадзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра“.
Италијанските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е што оружјето не е пронајдено покрај него.
„ Оружје, нож или можеби секач со кој му е пресечено грлото на морнарот не е пронајдено, а неговите колеги од бродот во полиција рекле дека најверојатно се самоубил. Овие наводи темелно се проверуваат“, пишуваат медиумите.
Според медиумите, истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.