Контакт

Регион

Србија: 36.000 имигрантите во шест месеци изразиле желба да бараат азил

Објавено пред

Од почетокот на 2015 година околу 36 илјади лица изразиле намера да побараат азил во Србија, а меѓу нив најмногу се бегалци од Сирија и од Авганистан, како и до Сомалија и Ирак, изјави во петокот министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

dobivaj vesti na viber

Мигрантите на својот пат кон земјите од западна Европа доаѓаат преку рутата од Сирија преку Турција, Грција и Македонија, а транзитни земји им се Србија и Унгарија, а понатаму Австрија и Германија, па е потребно да се бара решение на ниво на цела Европа, порача српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во разговорот за телевизијата Пинк.

Истакна притоа дека понекогаш и меѓу 700 и 800 луѓе дневно влегуваат на територијата на Србија и изразуваат намера да побараат азил во земјата, но дека за повеќето од нив Србија е само едена од транзитните држави кон Западна Европа.

Стефановиќ претходно одговарајќи на пратенички прашања во Скупштината на Србија, изјави дека „сите бројки укажуваат дека огромен број луѓе допрва ќе пристигаат“, како и дека е формиран републички штаб во кој се и министрите за социјална грижа из а здравство.

Според последните извештаи на државниот институт за јавно здравје „Батут“, „епидемиолошката ситуација е под контрола“, и „само неопходни мерки се преземени кај луѓето кои работат во центрите за прием“, а безбедносната ситуација, сразмерно со бројот на мигрантите, е задоволителна, бидејќи „регистриран е минимален број инциденти“.

Стефановиќ, исто така, истакна дека во Србија нема доволно капацитетите за прифаќање на сите мигранти, бидејќи „тоа го нема во моментов никој во Европа“, и дека „се работи на зголемувањето на капацитетите“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Објавено пред

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.

Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.

Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.

dobivaj vesti na viber

„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“

Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Објавено пред

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.

Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.

Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија4 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ6 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија7 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија8 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија9 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет10 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија10 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа12 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет12 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа12 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион13 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет14 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија14 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...