Економија
(Видео) Повратник од Германија задоволен со платата од 18.000 денари
Полико Авдиу, вработен во текстилна фабрика која ја посети премиерот Димитар Ковачевски, се вратил од Германија пред осум години и се вработил во Македонија. Сега ќе зема плата од 18.000 денари. Му се заблагодари на премиерот и вели дека парите се доволни за скромен живот.
„Јас сум задоволен. 18 години работев во Германија и си дојдов од таму. Тука ме донесе среќата, во оваа компанија се вработив пред осум години. Условите се исти како во Германија. Ви кажувам искрено. Сега ги гледам младите кои велат одиме во Германија, ама животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен, почнувајќи од директорите Дарко и Маријана. Плус сега со минималната плата, благодарение на компромисот на премиерот со партнерите, синдикатот, работодавачите. Многу се заблагодарувам на премиерот што најдоа компромис. Кога има компромис, значи убава работа. 18.000 не се многу, ама за скромен живот ќе има… ама мислам дека платите ќе растат и понатаму, ако работиме повеќе. Директорите носат нови машини, ќе расте продуктивноста. Не можеме да се жалиме од нашата компанија“, посочи Авиду.
Тој на крајот му честиташе и на Ковачевски за неговиот избор да биде премиер на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари
„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.
Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.
Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната плата во април изнесува 41.085 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).
Економија
Нова цена на горивата од полноќ
РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.
Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм)