Црна хроника
Кривична пријава за градоначалникот на Сопиште

СВР Скопје поднесе кривична пријава против градоначалникот на Сопиште Јован Ѓорѓиоски за злоупотреба на службената положба, соопшти МВР
Според кривичната пријава, Ѓорѓиоски минатата година извршил набавка и монтажа на павер елементи за забавен парк во село Сопиште во вредност од околу 300.000 евра, за што го ангажирал друштвото „ТЕХНО ПАВЕР“ ДООЕЛ, без за таа цел да биде спроведена постапка за јавна набавка.Во јуни минатата година, иако во буџетот на општината за јавни набавки биле предвидени парични средства во износ од 600.000 денари, донел одлука за јавна набавка за изградба на спортски игралишта, детска и урбана опрема за што предвидел средства од 1.000.000 денари.За ова склучил договор со друштвото “ТРАНС МЕТ“ ДОО, кое пак, како подизведувач ја ангажирало фирмата “МЕТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ГРАДИНГ“ ДООЕЛ, чијшто управител е сопругата на пријавениот. За извршените работи досега е исплатена сума од 2.864.265 денари, средства што “ТРАНС МЕТ“ ДОО во целост ги префрлил на “МЕТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ГРАДИНГ“ ДООЕЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.