Свет
Рускиот амбасадор во ЕУ: Војните во Европа ретко почнуваат во среда

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли предупредувањата на САД за можен руски напад врз Украина.
„Што се однесува до Русија, ве уверувам дека нема да има напади оваа среда. Нема да има дополнителни ескалации во наредната недела или следната недела или следниот месец“, рече Чижов во коментарот објавен во германскиот дневен весник „Дај велт“.
„Војните во Европа ретко почнуваат во среда“, додаде тој.
Владата на САД соопшти дека е можен руски упад во Украина пред крајот на Зимските олимписки игри во Кина во недела. САД и сојузниците во НАТО ја обвинуваат Русија дека подготвува нов напад врз Украина по анексијата на Крим во 2014 година, а Русија ги негира тие обвинувања.
Чижов ги осуди американските тврдења за можен напад врз Украина.
„Кога поднесувате обвинувања – особено многу сериозни обвинувања против Русија – вие сте исто така одговорни за обезбедување докази. Во спротивно тоа е клевета. Тој праша: „Па каде се доказите? Амбасадорот го повтори својот повик до Запад сериозно да ги разгледа безбедносните грижи на Русија.
„Кога нашите партнери конечно ќе ги чујат нашите легитимни грижи, процесот на помирување нема да потрае долго. Тоа ќе биде во интерес на сите Европејци од Лисабон до Владивосток, но и на другите земји во светот“, рече тој.
Кремљ бара НАТО да ги ограничи сите активности во Источна Европа и да вети дека нема да ги прифати поранешните советски републики – како Украина – како нови членки. Москва исто така бара забрана за распоредување вооружени системи вклучувајќи го и американскиот противракетен систем во близина на границите на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток

САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток, поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални лица.
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд ќе ја напушти својата база во Норфолк, Вирџинија, на 24 јуни, соопшти американската морнарица. Станува збор за планирано распоредување во областа на операции на Европската команда на САД (EUCOM), но неговото пристигнување во близина на Медитеранот значи дека третиот американски носач ќе биде во дофат на потенцијален конфликт на Блискиот Исток.
УСС Карл Винсон веќе е во регионот, учествувајќи во воздушни операции против бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Трет носач, УСС Нимиц, исто така се испраќа во регионот, потврди висок американски функционер за одбрана.
Министерот за одбрана Пит Хегсет издаде наредба за „одржување на одбранбената положба и заштита на американскиот персонал“.
Како што објави Ројтерс, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе одлучи во рок од две недели дали САД ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран. Тој додаде дека сè уште постои шанса за преговори со Техеран.
Трамп вчера изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е „лесна цел“, нагласувајќи дека не ја исклучил можноста за воена акција. Да потсетиме дека Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, а сега ги поддржува израелските напади врз иранските нуклеарни објекти и воени команданти.
Свет
Завршија разговорите меѓу ЕУ и Иран во Женева

Преговорите меѓу европските министри за надворешни работи и иранската делегација во Женева, одржани со цел смирување на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, завршија. Средбата траеше цел ден, а по завршувањето, учесниците дадоа кратки изјави за медиумите.
Потпретседателката на Европската комисија и естонска премиерка, Каја Калас, нагласи дека регионалната ескалација „не е од корист за никого“ и дека „затоа мора да ги држиме отворени каналите за комуникација“.
Таа додаде дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите за нуклеарните прашања, но и за пошироките прашања.
Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, беше директен:
„Јасно ставивме до знаење: Иран не смее да има нуклеарно оружје“.
Тој додаде дека тој и неговите европски колеги се „решени да продолжат со преговорите со Иран“ и ја нагласи важноста од продолжување на разговорите меѓу Иран и САД.
„Ова е опасен момент и е исклучително важно да нема регионална ескалација“, предупреди Лами.
Свет
Иран: Разговорите во Женева беа сериозни и достоинствени, подготвени сме да продолжиме

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша денешните разговори во Женева со претставници на Обединетото Кралство, Германија, Франција и Европската Унија како „сериозни и достоинствени“.
Во изјава по состанокот, тој рече дека Иран е подготвен да го преиспита дипломатскиот пристап и го поддржува продолжувањето на разговорите.
„Подготвени сме за нови состаноци со земјите од Е3 и Европската Унија во блиска иднина“, рече Арагчи.
Така, Иран ја отвори вратата за понатамошна дипломатија откако сите учесници на денешните разговори во Женева, одржани со цел да се спречи ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, ја нагласија важноста од продолжување на дијалогот и спречување на регионалното ширење на конфликтот