Црна хроника
Уапсен уште еден припадник на „Франкфурт мафија“
Припадник на ткн. „Франкфурт мафија“ во четвртокот е уапсен во скопската населба Кисела Вода, информираат од МВР
Двасет ичетиригодишниот скопјанец е уапсен бидејќи по него бил изречен триесетдневен притвор од страна на судот. Уапсениот се товари за кривично дело „перење пари и други приносиПред две седмици уште пет лица беа приведени во продолжението на полициската акција „Диригент“ која има за цел сузбивање на таканаречената „Франкфуртска мафија“ која се занимава со трговија на наркотици и перење пари во Австрија и Германија. Кон крајот на минатата година австриската полиција во Виена уапси 69 лица кои се сомничат дека се членови на македонска криминална група, која се занимава со шверц на дрога во западна Европа. Тоа според, Сојузната канцеларија за криминалистички истраги во Виена, е една од најголемите полициски операции против организираниот криминал во Европа. Во текот на операцијата на австриската полиција биле спроведени неколку десетици рации.Претходиот ден македонската полиција во вчерашната акција „Диригент“ уапси 29 лица од четири града, а меѓу уапсените се и организаторите на озлогласената „Франкфурт мафија“. Во акцијата во Скопје, Велес, Гевгелија и Свети Николе учествуваа 350 полицајци, а уапсен е Зоран Манасков – Скршениот, Спасе Димовски – Ајдукот и неговиот син Томе Димовски сите од Велес.„Франкфуртска мафија“ се формира кон средината на деведесеттите години од минатиот век, кога неколку велешани почнуваат со продажба на дрога во овој германски град.За само неколку години тие регрутираат десетици млади од градот што доаѓаат во Германија и почнуваат да работат за нив и да продаваат дрога. Секој член на оваа група имал своја задача, врбување, регрутирање, транспорт и дистрибуција на хероин и продажба.Тие успеале да завладеат со наркопазарот во Франкфурт благодарение на тоа што ја намалиле продажната цена на дрогата и ги зеле клиентите на нивните ривали, криминална група составена од Албанци од Косово, Албанија и од Македонија.Откако операцијата во Франкфурт била загрозена, тие се селат во Виена и на ист начин го освојуваат наркопазарот.Според информациите на австриската полиција, тие имале месечен обрт и до еден и пол милиони евра.Од октомври минатата година до февруари годинава во операцијата кривично се гонат 55 лица од кои 22 за „неовластено производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и 33 за „перење пари и други приноси од казниво дело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вчера уапсени седум лица: возеле без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.
Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

