Македонија
Утре во „Лајка“ отворен ден за удомување кучиња
ЈП „Лајка“, утре, од 10 до 13 часот, организира отворен ден, на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да удомат куче од прифатилиштето во овој стационар.
„На отворениот ден во ЈП ‘Лајка’ се поканети и сите граѓани што сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.
Граѓаните што планираат или размислуваат да удомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на ‘Лајка, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детаљни информации за секое од нив, како и за процесот на удомување.
Дојдете во ЈП ‘Лајка’ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња, кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни“, велат од „Лајка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

