Црна хроника
Скопјани осомничени за измама од речиси два милиони денари

Одделението за економски криминал при СВР Скопје, поднесло кривична пријава против двајца скопјани, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Измама“, соопштуваат од МВР
Со кривичната пријава осомничените се товарат дека 40-годипшниот скопјанец во својство на управител на фирмата „РАСУЉ ТРЕЈД“, заедно со неговиот 39-годишен колега вработен во истата фирма, во текот на 2009 г., со намера да се стекнат со противправна имотна корист при купопродажба на стока, со лажно прикажување на факти за солвентноста на фирмата, ги довеле во заблуда одговорните лица во четири други фирми да им дадат стока во вкупна вредност од 1.977.043,00 денари, за која сума и ги оштетиле фирмите.Управителот на фирмата иако знаел дека нивните жиро сметки се блокирани повеќе од 45 дена, односно дека не може редовно да ги подмирува обврските, заедно со неговиот вработен оделе по други фирми и се претставувале како солвентни, при што од четири фирми набавиле стока (градежен материјал, моторни масла, автомобилски гуми) која ја подигнувале со фактури и испратници. Набавената стока, управителот, воопшто не ја евидентирал и книжел од причина што истиот воопшто не водел никаква книговодствена документација, а не сочинувал ниту калкулација за цената. Стоката двајцата на црно ја продавале на физички и правни лица и тоа по пониска цена од таа по која ја набавиле, исклучиво во готово. Добиените финансиски средства од ваквата продажба не ги евидентирале никаде, ниту пак ги уплаќале на сметките на фирмата, туку ги трошеле за сопствени потреби.Двајцата осомничени се изведени пред Истражен судија, кој им изрече мерка притвор во времетраење до 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.