Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти во идејата за заедничка иднина

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Гостивар, на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, повика на обединување и заедничко градење на иднината за сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека јазиците го одбележуваат постоењето на народите дури и пред постоењето на државите.

„ Затоа јазикот претставува најважниот столб на идентитет врз кој се потпира и се гради државата и затоа многу сериозно и со голема претпазливост треба да се приоѓа кога се разговара за секое прашање кое се однесува на јазикот на еден народ, бидејќи тоа е неговото најзначајно обележје. Тоа е живиот доказ за нашето постоење, битисување и нашето признавање пред светот. И затоа повторувам  трговијата со јазикот значи сечење на столбот на еден народ и една држава, неговото разнебитување би значело разградување на супстратот на нашето постоење. Ете затоа е важно неговото почитување, неговото признавање и неговото доследно практикување.

И тоа што мајчиниот јазик претставува за нас Македонците, подеднакво нивниот мајчин јазик претставува и за другите заедници кои се застапени во нашата Македонија. И не може да бараме почит, доколку не понудиме почит. Тоа што сакаме да го почитуваат кај нас Македонците, мора да значи да го почитуваме и кај останатите заедници во Македонија. Затоа потребно е да научиме да се слушаме едни со други, да се почитуваме дури и тогаш кога не се согласуваме.

На мајчиниот јазик се радуваме, но на мајчиниот јазик и тагуваме. И верувајте, болката на мајката Македонка е иста и со болката на мајката Албанка или Турчинка. Радоста на детето Ромче е иста и со радоста на детето кое е од српска, бошњачка или влашка заедница. Сите со свој мајчин јазик, но сите со иста болка, со иста радост, со исти желби и потреби. И затоа велам дека Македонија е за сите луѓе! Македонија за сите луѓе кажете го на сите јазици, но значењето сепак на крајот е исто. Македонија е за сите луѓе затоа што ова не е само обична политичка порака или слоган, туку суштината, темелот врз кој ние треба да го градиме нашето заедништво. И не треба да измислуваме нови парадигми, туку само треба да го следиме пулсот на народот, на тоа што навистина му треба и на тоа што го мачи.

Народот бара иднина, а не зборови. На народот му се потребни сигурност и решавање на проблемите, а не вртлог на национализми, омрази и големи лаги. И затоа кога ќе зборуваат тие за некакви квоти, јас ќе зборувам за отворање работни места, кога тие ќе се удираат во гради со национализам, јас ќе зборувам за решавање проблеми, кога тие ќе зборуваат за политика на наши и ваши, јас ќе зборувам за политика на единство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да паѓа во стапиците на големите измислени теми кои се параван за да продолжат со злоупотребите. Новиот патриотизам подразбира да се обединиме заедно сите и леви и десни, и христијани и муслимани и атеисти, во идејата за една заедничка иднина. ВМРО-ДПМНЕ се движи со идејата една заедничка Македонија за сите луѓе, каде сите ќе се почитуваат со сите свои желби интереси и потреби.

И не ми е тешко никогаш да дојдам овде во Гостивар, Тетово и во Дебар, затоа што  имам за пријатели прекрасни луѓе кои имаат желба за сигурна иднина, затоа ќе се бориме и затоа ќе работиме заедно. И ќе говориме на нашиот мајчин јазик и ќе се почитуваме. Ова е ново поглавје на ВМРО-ДПМНЕ за нов заеднички патриотизам каде има место за сите кои сакаат да стават крај на поделбите, омразата и бариерите. Време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. Затоа што впрочем Македонија нели е за сите луѓе. И ова се мали чекори, но со огромна важност. И знам дека нема за сè да се согласиме, но ќе се слушаме и почитуваме едни со други. И затоа не ми е важно кој од која заедница доаѓа туку што носи со себе. Квалитет и компетенции пред припадност на партии и заедници. И затоа во периодот што следува сакам во мојот тим на советници да имам луѓе од различни националности кои ќе ја дадат вистинската слика за она што значи реалност во Македонија.

Ние имаме одговорност во име на сиве овие луѓе да водиме и да одиме напред. И затоа велам дека не смееме да губиме време, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Почитувањето на овие принципи значи почитување и на различностите, да се обединиме во желбата да направиме повеќе за секој еден човек, да го почитуваме мајчиниот јазик.

Оваа трибина е добра можност за уште еден чекор во тоа во што веруваме. Професори, интелектуалци, заедно со мојот пријател Арбен Таравари зборуваме за иднина, затоа што така се сакаат граѓаните и така се гради Македонија, Мицкоски.

Македонија

Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра, велат од СДСМ

Објавено пред

Владата на Мицкоски не сака да ја зголеми минималната плата на 600 евра и директно ги остави работниците сами во борбата за гол опстанок, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„По две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници живеат сè потешко, додека вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. Животот поскапува, а платите стагнираат, тоа е суровата реалност на македонските работници.

Наместо да го прифати предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра за сите ранотници, владата склучи селективен договор кој опфаќа само околу 10.000 административни службеници. Притоа беа целосно се игнорирани останатите јавни службеници и останатите илјадници работници во приватниот сектор.

Фактите се поразителни: околу 200.000 работници земаат плата под 30.000 денари. Тоа значи продлабочување на сиромаштијата, губење на достоинството на трудот и забрзано иселување на младите и квалификуваните луѓе“.

Минималната плата, нагласуваат од опозициската партија, мора да важи за сите – во јавниот и во приватниот сектор, во фабриките, конфекциите и малите компании. Селективни решенија и козметички договори не го решаваат проблемот.

„Решението на СДСМ е јасно, реално и изводливо. Минималната плата веднаш се зголемува за 50%, односно за 12.000 денари, и достигнува 600 евра. Тоа е мерка што директно го подобрува животот на работниците – сега, а не некаде во иднина.

Со ребаланс на Буџетот и со кратење на луксузот на власта – службени возила, мебел, патувања, кабинети, може да се обезбедат околу 200 милиони евра. Тие средства се доволни и за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании, без да се загрози нивната ликвидност.

Но владата на Мицкоски ги извиси работниците и си го избра сопствениот луксуз“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, слаби врнежи од снег на Попова Шапка

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка.

dobivaj vesti na viber

Сите патни правци во државата се проодни, соопшти АМСМ.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Објавено пред

Од

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената – 4.674, потоа за минување на црвено светло – 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за минување на црвено светло, а 125 се за брзо возење.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ28 минути

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија46 минути

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија1 час

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија2 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија3 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет4 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа5 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа5 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа5 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија19 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија20 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија23 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија23 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...