Црна хроника
Скопјанец натепан без никаков повод
Скопјанец, во вторникот, на улица бил натепан и расечен со нож, без никаков повод, соопшти МВР
Имено, околу 12.50 часот во Скопје, на ул.„Моша Пијаде“ бб, Х.Ф.(1982) од Скопје, додека бил на работа во казиното „Ројал“, излегол да земе алат од своето возило, каде го затекнал извесен Нено од населба Ѓорче Петров.
Кога Х.Ф. го прашал што прави таму, Нено физички го нападнал, извадил нож и го удрил во пределот на рамото и десната слепоочница, при што го исекол на десната рака.
По настанот, Х.Ф. е задржан во Градската општа болница каде е констатирана телесна повреда.
Причината за физичкиот напад е непозната.
Полициската станица – Центар презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом.
Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Во координација со надлежен јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно.
Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По инцидентот, полицијата започнала постапка, а ден подоцна го лишила од слобода Н.С.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Трактор со дрва паднал во река, загина 58-годишен струмичанец
Вчера околу 10:45 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека трактор со приколка натоварена со дрва паднал во речното корито на реката Тркање, на местото викано „Белик“, во атарот на селото Градско Балдовци.
Тракторот го управувал 58-годишниот Д.Н. од Струмица, кој починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа од СВР Струмица.
Фото: depositphotos (илустрација)

