Европа
Руска офанзива во сите правци, прогласена воздушна опасност во неколку украински градови
Војната во Украина влезе во третиот ден. Борбите не престануваат, има се повеќе жртви. Граѓаните ја напуштаат државата, функционерите повикуваат на преговори.
Русите тврдат дека Зеленски го напуштил Киев.
На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите куќи до понеделник до 8 часот наутро, пренесуваат агенциите.
„Киев Индипендент“ објави дека страниците на Кремљ се урнати и дека во моментов не може да се пристапи до нив.
Дописниците на светските медиуми објавија дека на сите руски единици им е наредено да напредуваат во сите сектори.
НАЈНОВИ ВЕСТИ
23:15 Застрелани дански новинари кои известувале од Украина
Двајца дански новинари беа застрелани денеска во североисточна Украина, но нивните животи не се во опасност, изјави нивниот работодавец.
21:50 Нови гранатирања во Украина, погодена детска болница во Киев
Украинските агенции јавуваат дека Русите ја нападнале детската онколошка болница во Киев и дека има мртви, пренесува Киев Индипендент
21:35 Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија
Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, објави вечерва украинскиот премиер Денис Шмихал, пишува Си-Ен-Ен.
21:15 Бајден нареди испраќање оружје во Украина, кое чини 350 милиони долари
Американскиот претседател Џо Бајден му нареди на Државниот секретаријат да ослободи оружје во вредност од 350 милиони долари од американските залихи за Украина која се соочува со руска инвазија, третото одобрение за извоз на оружје.
20:40 Украинците ја уништиле железничката пруга поврзана со Русија
Украинските медиуми денеска објавија дека украинските сили ја разнеле целата железничка инфраструктура што ја поврзува нивната земја со Русија.
20:20 Бајден: Алтернатива за руските санкции е Трета светска војна
Бајден рече дека една од неговите главни стратешки цели е да го одржи обединувањето на НАТО и Европската Унија додека Русија ја напаѓа Украина.
19:50 Илјадници Руси на протести против војната
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа толпа луѓе собрани во Санкт Петербург кои држат транспаренти против руската инвазија на Украина.
19:30 (Видео) Украинците се обидуваат да ги блокираат руските тенкови со раце и велосипеди
Video of Ukrainians in the North-Eastern town of Bakhmach trying to stop tanks with their bodies. pic.twitter.com/obpmespTQr
— Christo Grozev (@christogrozev) February 26, 2022
19:15 Зеленски: „Се е веќе решено“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска повторно се обрати и ги претстави најновите детали поврзани со ситуацијата во Украина, пренесуваат регионалните медиуми. Според написите, Зеленски укажал на подготвеноста на Украинците да ја бранат својата земја.
19:00 Новинар на Си-Ен-Ен: Руски оклопни возила се движат кон Харков
Голем конвој руски оклопни возила денеска поминал покрај дописникот на Си-Ен-Ен, и се упатил, како што вели тој, кон украинска територија и градот Харков.
18:40 Руските сили уништиле брана во Украина
Силите уништија брана изградена во украинскиот регион Керсон во 2014 година со цел да го прекинат протокот на вода кон Крим, изјави гувернерот на Крим Сергеј Аксјонов, цитирана од новинската агенција РИА.
18:20 Две загинати лица во погодената зграда во Киев, шест се тешко повредени
Украинските власти потврдија дека две лица загинаа, а шест се тешко повредени откако ракета погоди зграда во Киев чиј лик денеска го обиколи светот.
18:00 Во Русија расте антивоениот отпор
Се повеќе противници на војната ширум Русија го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина. „Ние, руските лекари, медицински сестри и болничари, силно се спротивставуваме на нападот на руската војска на украинска територија“, се вели во петицијата потпишана од повеќе од 300 луѓе.
17:40 Пекол на улиците на Украина: Некои бегаат од земјата, други копаат по урнатините и тагуваат
Градските власти им порачаа на граѓаните во северната област Оболонск да останат дома за да избегнат активни воени операции.
17:20 Тревога во неколку украински градови, за жителите на Киев до понеделник нема излез од куќите
„Киев Индипендент“ објавува дека е прогласена воздушна опасност во неколку украински градови. На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите куќи до понеделник до 8 часот наутро, пренесуваат агенциите.
16:40 Нова наредба на Русите: Офанзива во сите правци
Претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека по одбивањето на Украина да преговара, издадена е нова наредба. Таа се однесува на развој на офанзиви во сите правци, пренесуваат медиумите.
16:20 Зеленски: Турција забрани влез на руски бродови во Црното Море
Претседателите на Украина и Турција, Володимир Зеленски и Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараа. Зеленски објави дека Турција им забранила на руски воени бродови да влегуваат во Црното Море. Но веднаш по неговата изјава стигна демант.
15:50 Информации за таен состанок во Русија: „Путин е гневeн, мислеше дека лесно ќе победи“
Естонскиот европратеник Рихо Терас и поранешен началник на одбраната на Естонија, на својот профил на „Твитер“ објави дека има информации од разузнавачки кругови оти Путин одржал тајна средба со руски генерали и олигарси и дека е гневен.
THREAD 1/7 Intel from a Ukrainian officer about a meeting in Putin’s lair in Urals. Oligarchs convened there so no one would flee. Putin is furious, he thought that the whole war would be easy and everything would be done in 1-4 days. @EPPGroup @general_ben @edwardlucas @politico pic.twitter.com/8AoelUDWM9
— Riho Terras (@RihoTerras) February 26, 2022
15:25 Русија: Станбената зграда во Киев ја погодија Украинците, а не ние
Руското министерство за одбрана ги демантираше информациите дека една од неговите ракети погодила станбена зграда во Киев, тврдејќи дека штетата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета, објавија руските државни новински агенции, цитирајќи извор од министерството.
14:36 Речиси 200 цивили загинале во Украина
Најмалку 198 цивили, меѓу кои три деца, се убиени во инвазијата досега, а 1.115 се ранети, изјави украинскиот министер за здравство Виктор Лиjачко. Животот го загубиле и десетици украински војници. Русите не објавуваат информации за нивните жртви, но Киев тврди дека тие се огромни.
The fighting continues in many parts of Ukraine, including near Kyiv.
(Infographics by Lisa Kukharska for the Kyiv Independent) pic.twitter.com/ed0uLsENnH
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 26, 2022
14:22 Песков: Украина ги отфрли преговорите, руската операција продолжува
Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на офанзивата во Украина во петокот, очекувајќи преговори со Володомир Зеленски, но порачал воените дејствија да продолжат кога тоа не се случило.
13:53 Прогласен нов полициски час во Киев
„Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи“, порача градоначалникот Виталиј Кличко.
13:31 Каспаров: Доведете ја до банкрот воената машина на Путин
Поранешниот шампион во шах Гари Каспаров, руски дисидент и противник на Владимир Путин, го повика Западот да ја исклучи Русија од финансиските пазари поради инвазијата на Украина.
13:22 Франција заплени руски брод
Француската поморска полиција рано утринава заплени брод во каналот Ла Манш кој, според француските власти, би можел да припаѓа на руска компанија осомничена дека ги прекршила трговските санкции поврзани со војната во Украина.
13:14 Украинската страна сака Израел да биде домаќин на преговорите со Русија
Според последните информации, Зеленски побарал од израелскиот премиер Нафтали Бенет да биде домаќин и да помогне во преговорите меѓу Украина и Русија, изјави денеска за Си-ен-ен украинскиот амбасадор во Израел, Евгениј Корнијчук.
12:47 Зеленски ја одбил евакуацијата што му ја понудиле Американците
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја отфрли понудата на САД за евакуација од Киев, објави на „Твитер“ украинската амбасада во Велика Британија.
12:30 Кличко: Во центарот на градот нема руски војници
Киев е под контрола на украинската влада, а во центарот на градот нема руски војници, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Минатата ноќ беше тешка, но нема руски војници во градот“, рече Кличко во видео објавено на „Телеграм“ во саботата наутро.
Сепак, тој додаде: „Непријателот се обидува да напредува во градот“.
„До 5 часот наутро, 35 ранети, меѓу кои и две деца, се регистрирани во Киев“, рече Кличко.
Градоначалникот го повика населението да побара засолниште. „Останете во засолништата бидејќи непријателот напаѓа од воздух“, рече тој.
Инфраструктурата на Киев е сè уште недопрена, а метрото работи, нагласи тој.
„Поставивме контролни пунктови, така што движењето во градот ќе биде ограничено и тешко“, додаде Кличко.
„Ќе биде тешко, но мора да истраеме, бидејќи армијата е со нас, територијалната одбрана е со нас, правдата е со нас“, додаде градоначалникот.
12:08 Медведев: Русија би можела да ја врати смртната казна
Поранешниот руски претседател посочи дека суспензијата на членството на Русија во Советот на Европа може да значи дека Русија може да ја врати смртната казна.
11:40 Полјаците одбиваат да играат фудбал против Русија
Цезари Кулеша, претседателот на Полската фудбалска федерација, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.
11:20 Украина бара прием во ЕУ
Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, побара неговата земја да биде примена во Европската Унија.
„Ова е клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгогодишната дискусија и да се одлучи за членството на Украина во ЕУ“, напиша Зеленски на „Твитер“.
It is a crucial moment to close the long-standing discussion once and for all and decide on Ukraine’s membership in the #EU. Discussed with @eucopresident further effective assistance and the heroic struggle of Ukrainians for their free future.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022
11:13 Украински министер: Русија треба да биде целосно изолирана, а нејзината економија уништена
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на целосна изолација на Русија, а една од работите што ја бара од меѓународната заедница е ембарго за купување руска нафта.
11:00 Украински воен конвој бил уништен на пат кон Киев
Украински воен конвој е уништен на пат кон Киев. На местото на настанот бил присутен и репортер на Би-би-си.
Тоа бил, како што се наведува, систем за одбрана земја-воздух. Системот бил уништен на пат во текот на ноќта.
10:45 Британија и ЕУ испраќаат уште оружје за Украина
Секретарот на британските вооружени сили Џејмс Хипи рече дека Британија и уште 25 земји се согласиле да испратат помош за Украина. Меѓу земјите кои веќе најавија воена помош се и Холандија и Чешка.
Тој денеска за Би-би-си Радио 4 изјави дека Обединетото Кралство ќе работи со тие земји за да го координира начинот на доставување на воената помош. Не откри повеќе детали.
Додаде дека Кремљ сега ќе размислува за украинскиот отпор и дека постои опасност да го засилат бомбардирањето.
10:25 Будимпешта се нуди да биде место за преговори меѓу Украина и Русија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто понуди Будимпешта да биде место за мировни преговори меѓу Русија и Украина.
10:20 На границата од Словачка и Украина колона долга 6 километри
„Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата. Украина ги мобилизираше мажите на возраст од 18 до 60 години и мора да ја бранат својата земја“, пренесе репортетката на телевизијата Н1.
Očevi i majke uspjeli su izvući ovu djecu iz Ukrajine. S druge strane granice ostali su milijuni #n1info pic.twitter.com/pp2gEdPYef
— Katarina Brecic (@kbrecic) February 26, 2022
10:13 Канада воведува санкции за Путин и Лавров
Канада ќе воведе дополнителни санкции за Белорусија и нејзините лидери за поттикнување на инвазијата на Путин врз Украина, рече Трудо на прес-конференција
09:45 Белата куќа: Бајден нема да испраќа војници во Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа изјави дека нема да испрати американски војници во Украина, бидејќи не сака да ги стави Американците во позиција да водат војна со Русија, соопшти Белата куќа.
09:40 (Видео) Нова порака од Зеленски: Нема да го положиме оружјето
Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, денеска изјави дека земјата нема да престане да се бори со, како што рече, рускиот агресор.
Не вірте фейкам. pic.twitter.com/wiLqmCuz1p
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022
09:15 Борби на автопат во Киев
Дел од автопат во близина на центарот на Киев синоќа бил место на борби. На една снимка се гледа како гори пожар на пат што ги поврзува источниот и западниот дел на градот.
Според извештаите на медиумите, снимката е направена во близина на метро станицата Берестејска, на само 4 километри од зградата во која се наоѓа украинското Министерство за одбрана.
Проспект перемоги зараз. Київ pic.twitter.com/KGQO3eKSqR
— Мілітарний (@mil_in_ua) February 26, 2022
08:55 (Видео) Снимен моментот кога проектил удира во станбена зграда во Киев
Станбена зграда во Киев била погодена од проектил или ракета рано утрово, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на солитерот, објавија светските медиуми.
Фіксуємо воєнні злочини РФ проти мирного населення України
На відео – момент попадання ракети до житлового будинку на Лобановського 6 а. Відео з камери спостереження сусіднього будинку ? pic.twitter.com/FWT8xAjwLQ— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска министерка наведе 700 албански семејства како лош пример, Рама ѝ возврати
Албанскиот премиер ја обвини британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд за „етнички стереотипи“ откако таа ги издвои албанските семејства во говорот за злоупотребите на азилот.
Еди Рама ја критикуваше Махмуд за тоа што им кажа на пратениците дека околу 700 албански семејства живеат во сместувања финансирани од даночните обврзници и покрај тоа што нивните барања за азил се одбиени, додека во понеделник најави големи реформи. Рама ја нарече бројката „статистичка капка во океанот на предизвиците со кои се соочува Британија по Брегзит“.
Официјалните бројки покажуваат дека Велика Британија депортирала повеќе од 13.000 луѓе во Албанија откако беше потпишан договорот за враќање во 2022 година. Рама го нарече договорот едно од „најуспешните партнерства во Европа кога станува збор за нелегална миграција“.
Махмуд ги даде коментарите додека најавуваше големи промени во системот за азил на Велика Британија, за кој рече дека во моментов е „надвор од контрола и неправеден“. Зборувајќи во Долниот дом, Махмуд рече: „Ако не се справиме со оваа криза, ќе повлечеме уште повеќе луѓе по пат што започнува со гнев и завршува со омраза“.
Реформите ќе го направат статусот на бегалец привремен, ќе го зголемат периодот на чекање за трајно населување од пет на 20 години и ќе овозможат отстранување на семејства со деца кои немаат право да останат во земјата.
Покрај ограничувањето на пристапот до статус на бегалец, Велика Британија ќе отвори и нови законски патишта за пристигнување, со годишна квота. Како дел од својот говор, Махмуд им рече на пратениците: „Мора да ги отстраниме оние чии барања за азил се одбиени, без разлика кои се тие“.
„На пример, има околу 700 албански семејства кои живеат во сместувачки капацитети платени од даноците на граѓаните, откако нивните барања за азил беа одбиени, и покрај постојниот договор за враќање и покрај тоа што Албанија е потписничка на Европската конвенција за човекови права“, додаде таа.
Рама одговори: „Како може еден министер за внатрешни работи од Лабуристичката партија толку лошо да ја повтори реториката на популистичката крајна десница и да издвои 700 албански семејства, што е статистичка капка во океанот на предизвици за Британија по Брегзит, токму во моментот кога Велика Британија и Албанија изградија едно од најуспешните партнерства во Европа кога станува збор за нелегалната миграција?“
„Да бидеме јасни: Албанците се нето придонесувач во британската економија, а бројот на Албанци кои примаат бенефиции во Велика Британија е многу низок во споредба со другите заедници. Да се издвојуваат одново и одново не е политика.
Ова е загрижувачка и несоодветна вежба на демагогија. Официјалната политика никогаш не треба да се потпира на етнички стереотипи. Ова е најмалку што човештвото го очекува од една голема Британија“, нагласи тој.
Европа
Шведски генерал: Русија набргу ќе го тестира членот 5 на НАТО
Шведскиот генерал Мајкл Клаесон предупреди дека Русија наскоро ќе се обиде да ја тестира колективната одбрана на НАТО според Член 5 и рече дека Европа мора да се подготви да употреби сила за да ја одврати Москва. Тој го кажа ова во интервју за Политико.
„Сигурен сум и убеден дека во секој момент ќе бидат подготвени да го тестираат Член 5 на НАТО во балтичките држави или во некој друг дел од Европа“, рече Клаесон.
„Тие се подготвени да преземат огромни стратешки ризици за да го постигнат она што мислат дека можат да го постигнат. Го видовме ова уште од Чеченија, го видовме ова во Грузија, го видовме ова на Крим“, рече тој.
Клаесон нагласи дека Европа не е подготвена за потенцијален конфликт со Русија, кој го опиша како „системски конфликт… чие решавање ќе потрае долго време“.
„Зборуваме за генерација во принцип… ова нема да исчезне со евентуално прекин на огнот или мировен договор во Украина“, додаде тој.
Тој исто така рече дека само дипломатијата нема да ја запре Русија.
„Единствениот јазик што го разбираат е силата“, рече Клаесон. „Мора да бидеме цврсти… постојаното повлекување не е вистинскиот одговор бидејќи ги охрабрува“, заклучи тој.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русите тврдат дека целосно го освоиле Купјанск: пристигна првата реакција од Украинците
Генералштабот на украинската војска остро ги негираше тврдењата на началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов дека руските сили го освоиле Купјанск. Герасимов за наводниот пад на градот го известил директно рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на командното место, но Киев вели дека градот останува под украинска контрола, пишува „Киев Индепендент“.
Kupyansk has been liberated, Gerasimov reported to Putin.
In liberated Kupyansk, individual small enemy groups are being destroyed, the commander of the Zapad group reported.
🔹 RIA Novosti pic.twitter.com/zpc3H45OEb
— Victor vicktop55 commentary (@vick55top) November 20, 2025
„Купјанск останува под контрола на Одбранбените сили на Украина“, објави Генералштабот. „Во и околу Купјанск, во тек се контрасаботажни операции и специјални операции за пребарување и уништување против непријателски извидувачки и саботажни групи кои се инфилтрирале во градот“.
Во соопштението се додава дека „раководството на терористичката држава продолжува да произведува евтини информативни провокации“ со цел да ги прикрие „критичните“ руски загуби. Да потсетиме, украинските сили за специјални операции објавија видео на кое се гледаат жестоки улични борби во градот Купјанск во регионот Харков.
Купјанск, стратешки важен град во Харковската област, повторно стана место на жестоки борби, додека Русија продолжува со своите обиди за напредување во регионот.
Градот е затворен за цивили од 28 септември поради тековните борбени операции и заканата од руски саботажни групи. Заземањето на Купјанск е главната цел на Русија во Харковската област, потврди претходно Олексиј Белски, портпарол на оперативно-стратешката команда на Дњепарк.
фото: принтскрин

