Црна хроника
Судење за „Фаланга”: „Немав антички артефакти туку сувенири од Бит-пазар”
Во големата сала во Врховниот суд денес почна уште еден голем судски процес , судењето наречено по акцијата Фаланга. Обвинети се 29 лица за тргување измами со антички предмети
Беше сослушан првообвинетиот Миодраг Готиќ кој тврдеше дека ниту знае, ниту е припадник на група која тргувала со артефакти. Пред судот кажа дека се сомнева дека е наместен оти знае дека археолози во Македонија, односно во реонот Исар Марвинци, краделе артефакти. Бил колекционер и собирал стари железни торза, глава и други ситни предмети, но тврди дека биле направени од обично железо и не биле постари од 20-ина години. Побара судот да обезбеди вештачење и нему да му дозволи да докаже дека табла со лик на коњаник не е мермерна, туку е од обична гранитна прашина. Кажа дека доколку таблата се исече со нож ќе се докаже дека не е артефакт. Во двочасовниот исказ Готиќ упорно тврдеше дека сите предмети најдени кај него дома биле копии или евтини изработки. На прашање на судот од каде му била женската фигурина рече дека ја купил на Бит Пазар и дека ја офарбал за да му биде убава во витрината дома. Исто така кажа дека старите предмети ги собирал за да му го красат дворот. Пред судот неколку пати кажа дека се сомнева дека е наместен оти пред три години се скарал со Паско Кузман во емисија на ТВ Сител. Му рекол на Паско дека дивите копачи не се проблем, туку питомите археолози кои ги криеле највредните предмети, а ги покажувале најлошите керамики. Потврди дека кај него е најдена монета за која ОЈО тврди дека е со голема вредност. Готиќ пред судот кажа дека монетата ја нашле при копање нива и била ставена во пепелник заедно со други дребулии во ходникот од куќата. Судењето продолжи до доцна попладнево, а се закажани рочишта и за наредните неколку дена. Според Обвинителството покрај доказите, обвинетите соработувале меѓусебе подолго време, имале добро организирана мрежа во која биле вклучени и археолози кои ги проценувале предметите, диви копачи, но и полицајци кои затворале очи за нелегалните ископувања и кражби на артефакти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

