Црна хроника
Пијан полицаец ранил две момчиња

Полицаец вработен во СВР Тетово синоќа половина час по полноќ ранил две момчиња од Гостивар во интернет кафето „Попај“ кое се наоѓа во близина на економското училиште во Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово
Според нивните информации, синоќа полицаецот којшто бил во алкохолизирана состојба се обидел да влезе во интернет кафето. Откако не успеал тој испукал пет куршуми во влезната врата и ранил двајца од гостите во локалот, каде што имало околу десетина гости.Дваесет ичетири годишно моме било рането во двете нозе, а еден од куршумите завршил во левиот бут на друго момче.Повредените веднаш биле пренесени во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредите биле пренесени на клиниките во Скопје.СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот, а во истрагата е вклучен и секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, по што против полицаецот ќе бидат преземени соодветни мерки.Полицискиот службеник подолго време имал недоразбирања со едно од повредените момчиња, кои синоќа кулминирале во инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.