Компании
Штрајкуваат пилотите на Air France и на SAS
Пилотите на француската воздухопловна компанија „ Air France“ го започнаа во саботата четиридневниот штрајк кој може да ги наруши плановите на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат во француските градови за да ги следат натпреварите од во петокот започната европско првенство, а истовремено во саботата околу 20.000 патници се блокирани на вториот ден од штрајкот на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS.
Компанијата „Air France“ објави дека се откажани 30 отсто од летовите во саботата. Меѓутоа, се нагласува дека приоритет ќе бидат градовите во Франција во кои се одржуваат натпреварите.
Синдикатот на пилотите во француската воздухопловна компанија е против новиот закон за работни односи, за кој се тврди дека оди на штета на работниците, бидејќи работодавачите сега може да ги заобиколуваат националните закони при вработувањата, но уште полесно при отпуштањата од работа.
Синдикатот SPAF наведува дека штрајкот ќе трае од сабота до вторник. Меѓутоа, извршниот директор на „Air France“, Фредерик Гажеи вети дека ќе се обиде да ги минимизира ефектите од штрајкот врз сообраќајот кон градовите домаќини на фудбалскиот турнир. Додаде дека штрајкот ќе ја чини компанијата околу 5 милиони евра дневно.
Се очекува дека седум милиони луѓе ќе ги посетат десетте француски градови во кои се одигруваат натпреварите меѓу европските национални селекции.
Ова е само една во низата на акциите на француските синдикати: ѓубрето нема до среда да се собира од улиците на престолнината Париз, возовите од пред само некој ден започнаа повторно редовно да сообраќаат по деветдневниот штрајк, а кон крајот на мај пресушија и бензинските црпки кога демонстрантите неколку дена ги блокираа рафинериите.
Покрај 20-те илјади блокирани патници поради штрајкот на пилотите на SAS, во саботата се откажани вкупно 159 летви
„Сторивме сé што беше во наша моќ за да го спречиме штрајкот, но, за жал, не бевме во можност да постигнеме договор. Приоритет се нашите патници и правиме сé што можеме да им помогнеме на патниците кои трпат поради штрајкот“, изјави портпаролката на SAS, Карин Ниман, во соопштение до медиумите.
Летовите на кои се данските и норвешките пилот, продолжени се нормално, истакнува портпаролката. Штрајкот доаѓа во екот на туристичката сезона за SAS, а особено се погодени чартер летовите.
По неколкуте месеци преговори, синдикатот SPF на шведските пилоти го отфрли предлогот за зголемување на платите за 2,2 отсто и натаму бара зголемува од 3,5 отсто. /крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)