Европа
(Од минута во минута) Заврши третата рунда преговори, Русија: Очекувањата не се исполнети, Украина: Продолжуваат консултациите за прекин на огнот и безбедносни гаранции
Денес е 12-ти ден од руската инвазија на Украина.
Клучни настани:
Додека војната во Украина продолжува, светот денеска ги чека преговорите меѓу руската и украинската делегација.
Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната. Повеќето избегале во Полска.
Во текот на денот треба да следи отворање на хуманитарни коридори и нова рудна преговори.
Најмалку 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на војната.
Од минута во минута :
21.20 Зеленски утре ќе се обрати во британскиот парламент
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во 18 часот ќе одржи говор пред британските пратеници
20.50 Јасни упатства за жителите на Мариупол: Не излегувајте додека не слушнете порака на разглас
Во пристанишниот град Мариупол на југот на Украина полицијата одела од засолниште во засолниште за да им пренесе едноставна порака на оние што со денови се под земја поради бруталното руско гранатирање во опколениот град со 430.000 жители, пишува „Гардијан“
20.20 Бајден, Макрон, Шолц и Џонсон ја потврдија својата решителност во однос на Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на Франција, Германија и на Велика Британија вечерва на видеоконференција ја потврдија својата решеност да продолжат да ја зголемуваат цената за „неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, соопшти Белата куќа
20.00 Рускиот преговарач најави четврта рунда преговори: Ќе се одржат многу набргу
Рускиот преговарач најави четврта рунда преговори: Ќе се одржат многу набргу
Четвртата рунда преговори со Украина се очекува во многу, многу блиска иднина, изјави рускиот преговарач, пренесува „Ројтерс“
19.45 Украинскиот преговарач Подољак: Продолжија интензивните консултации за прекинот на огнот
Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок регулативи, со прекин на огнот и безбедносни гаранции
19.30 Шефот на рускиот преговарачки тим: Очекувањата не се исполнети
Не се исполнија очекувањата на руската страна од преговорите со Украина во регионот Брест, изјави шефот на руската преговарачка делегација и помошник на претседателот на Русија Владимир Медински
19.20 Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина
Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест во Белорусија, соопшти руската амбасада во Минск
18.35 (Видео) Жестоки борби во Миколаев
Си-Ен-Ен јавува дека продолжуваат жестоките борби во Миколаев, град на околу 280 километри јужно од Киев
18.20 (Видео) Запросување во воениот пекол – како украински војник запроси девојка!
Украинските медиуми објавија видео од запросување, кое никого не остави рамнодушен
18.00 Украинците објавија фотографија од заробени руски војници – добредојдовте во пеколот
Украинските вооружени сили објавиле фотографија на „Фејсбук“ од заробени руски војници.
Легендарниот напаѓач на Украина и на „Милан“, Андриј Шевченко, гостуваше во италијанската државна телевизија РАИ, каде што зборуваше за ситуацијата во Украина, која трпи жестока агресија од Русија. Шевченко низ солзи им кажа на Италијанците дека дел од неговото семејство е во родната земја
17.30 Трудо најави нови санкции против 10 лица од Русија
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска најави нови санкции против 10 лица за кои рече дека биле соучесници во неоправданата инвазија на Украина
17.15 Јапонија ги повлекува вработените од Амбасадата во Украина
Јапонија утрово соопшти дека привремено ќе ги исели сите членови на својата амбасада во Украина
17.00 (Видео) Камион ги урна портите на руската амбасада во јужен Даблин
Голем камион денеска ги урнал портите на руската амбасада во Даблин. Еден човек е уапсен и одведен во станицата Ратфарнам Гарда
16.45 Карл Нехамер: Австрија ќе остане неутрална во однос на рускиот напад врз Украина
Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека има намера да работи за да ја задржи својата земја неутрална во светло на војната и рускиот напад врз Украина
16.30 Велика Британија ги отфрли барањата безусловно да ги пушти луѓето од Украина во земјата
Премиерот Борис Џонсон ги отфрли барањата за Британија да ги олесни визните барања за украинските бегалци што бегаат од конфликтот велејќи дека Британија е дарежлива земја, но мора да продолжи да проверува кој влегува во неа
Поранешниот командант на НАТО, Џејмс Ставридис, смета дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е најдоброто нешто што ѝ се случило на западната воена алијанса
16.00 Луѓето на Путин минатата година: Сѐ ќе почне во Украина и ќе заврши со нуклеарна војна со НАТО
Дека Русија се подготвува за војна со Украина, минатата година сугерираа руски медиумски пропагандисти и државни функционери. Тогаш рекоа дека борбата ќе почне во Украина, но дека ќе се прошири многу повеќе
15:45 Москва: Војната можеме да ја прекинеме веднаш, но ова се нашите услови
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е подготвена да ја прекине операцијата против Украина во секој момент доколку Киев ги прифати условите од Москва.
„На Украинците им беше кажано дека сето ова може да се заврши во секој момент“, рече Песков
14:40 Путин: Главна закана се националистите, кои користат терористички тактики под маската на населението
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и го презентираше ставот на Русија за специјалната операција во Украина. Тој ја повика Европската Унија да даде вистински придонес за спасување животи, притискајќи ги властите во Киев и принудувајќи ги да го почитуваат хуманитарното право.
Discussed with President @KremlinRussia_E the unfolding tragic situation in #Ukraine
The EU condemns in the strongest possible terms Russia’s aggression against Ukraine.
— Charles Michel (@eucopresident) March 7, 2022
Литванскиот претседател Гитанас Наузеда денеска го предупреди министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, дека неуспехот да се запре руската агресија во Украина ќе доведе до глобален конфликт.
12:25 Берлускони уште во 2014 знаел што ќе се случи
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони имаше јасни идеи за меѓународната политичка сцена и нејзината иднина уште во 2014 година.
12:20 Русија објави листа со непријателски земји – на неа и Македонија
Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓа и Македонија, а други земји од регионот се Црна Гора и Албанија
11:58 Кличко: Русите го убија мојот колега додека делеше леб на луѓето
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видеонајава на Телеграм рече дека Киев ќе се брани од рускиот окупатор.
11:54 Украина: Русија продолжува со ракетните напади од белоруската граница
Украинскиот Генералштаб објави дека Русија продолжува со ракетните напади од границата со Белорусија.
11:50 Руската делегација пристигна во Белорусија, наскоро почнуваат преговорите
Не е соопштена точната локација на третата рунда преговори, како и времето кога се планира да се одржи средбата.
11:30 Австријците стравуваат од нуклеарна војна
Во Австрија растат стравувањата дека украинскиот конфликт би можел да се прошири, како и дека може да се користи нуклеарно оружје, покажуваат најновите истражувања, пренесуваат тамошните медиуми.
Словачката полиција на својот Фејсбук објави приказна за 11-годишно момче од Запорожје, кое бегајќи од војната, без придружба пристигнало во Словачка преку граница.
Подоцна по него дошле роднините на момчето, а сето тоа благодарение на бројот испишан на неговата рака.
10:50 Смртта на украинскиот член на делегацијата се уште мистерија
Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека убиството на Киреев нема никаква врска со работите на делегацијата, пренесува „Телеграф“.
„ Пукањето нема врска со работата на делегацијата. Беше надвор од преговарачкиот процес, беше во Киев и таму избувна еден вид конфликт“ рече Подољак, кој не објасни за каков конфликт се работи.
#BREAKING: Denis Kireev, a member of Ukraine’s negotiating team with Russia, who was killed today, was a Ukraine intel officer and was killed during an operation – Ukraine’s military intelligence https://t.co/9LRvHpcH30 pic.twitter.com/0X9W8EX2GT
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) March 5, 2022
10:35 Мајки му порачаа на рускиот гувернер: Ги праќаш нашите деца како топовско месо
На социјалните мрежи се појави видео на кое се тврди дека мајките на руските војници му поставуваат прашања на Сергеј Цивиљев, гувернерот на руската област Кузбас во јужен Сибир.
10:40 Колку изнесува платата на војниците кои заминаа да војуваат во Украина?
Конфликтот во Украина и сè што се случува во таа земја веќе ги отвори вратите за странските борци, но и за странските платеници.
За денот на војување или „извлекување цивили“, како што официјално се нарекува работата, на која може да се пријават заинтересираните, земале плата од 1.000 до 2.000 долари, јавуваат хрватските медиуми. Платата зависи од локацијата на работното место, а има и различни бонуси.
10:30 Зеленски до руските војници: „Ќе ве гониме до гроб“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди руските војници дека неговите сили ќе го „бркаат до гроб“ секој војник што ќе изврши воени злосторства на територијата на Украина, јавуваат агенциите, повикувајќи се на Би-би-си.
10:00 Украинa: Најмалку осум лица загинаа во Харков во последните 24 часа
Најмалку осум лица загинаа во руското бомбардирање на станбена зона во североисточниот град Харков во последните 24 часа, соопшти украинската служба за итни случаи.
09:20 Украинска армија: Битката за Киев ќе биде клучна, Русите се движат кон освојување
Генералштабот на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да ја преземат целосната контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и со приближување до главниот град преку источните предградија.
09:00 Шифрирани разговори меѓу Бајден и Зеленски
Соединетите Американски Држави му дадоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски шифрирана комуникациска опрема, што му овозможува да го контактира американскиот претседател Џо Бајден преку безбедна телефонска линија, пишува „Њујорк тајмс“.
08:40 Пристанишниот град Миколаев повторно под силен напад
Градот Миколаев повторно под силен напад на руските сили, јавуваат агенциите.
Бомбардирањето на овој пристанишен град започна околу 5 часот наутро по локално време.
08:05 Русија најави отворање на хуманитарни коридори во неколку градови во Украина
Русија денеска ќе отвори нови хуманитарни коридори низ неколку украински градови, со цел да се овозможи евакуација на цивили, јавува Би-би-си.
Најмалку 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на војната
Десетици илјади луѓе се заробени во Мариупол, Киев и други градови кои наскоро би можеле да бидат во руската околина.
Западните разузнавачки претставници очекуваат Русија да го зголеми темпото и силата на нападите врз клучните центри, вклучувајќи го и главниот град Киев.
#Mykolaiv: People are looking at what's left of their houses. pic.twitter.com/kfeoP6fcIj
— NEXTA (@nexta_tv) March 7, 2022
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Службата за безбедност на Украина подготвува провокација со екстремистите „Азов“ со можно радиоактивно загадување на животната средина во областа Харков.
Украинската војска вели дека битката за Киев ќе биде клучна.
Генералштабот на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да ја преземат целосната контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и приближувајќи се кон главниот град преку источните предградија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

