Црна хроника
Македонски „Еколог“ кој работи за ИСАФ обвинет за криумчарење?!
Македонско-албанско семејство кое работи за ИСАФ е осомничено за криумчарење и злосторства, пренесоа светските агенции
Станува збор за фирмата Еколог од Диселдорф која има свое претставништво и во Тетово и е во сопственост на македонско-албанска компанија а работи логистички за мисијата ИСАФ во Авганистан, наводно е вмешана во кривичлни дела, пишува Deutsche Welle.Германскиот генерал Егон Рамс, кој командува во холандскиот град Брунсум, изјавил дека според она што нему му е познато, постои опасност од криумчарење дрога и слични активности. „Според информациите со кои сега располагаме, важно е да се утврди дали компанијата Еколог може да ги користела договорите што ги склучила со нас да ги користела за илегални активности кои не можат да бидат во интерес на НАТО и ИСАФ, како ниту во интересот на државите кои учествуваат во мисијата“, рекол генерал Рамс. Како основа за ова истрага на НАТО, меѓу другото послужиле и сознанијата на КФОР за влијателната македонско-албанска фамилија Дестани од околината на Тетотв, во чија сопственост е фирмата „Еколог“.
Според сознанијата, оваа фирма првпат е осомничена пред осум години и се споменува во таен извештај на германската разузнавачка служба којашто дејствувала во склоп на КФОР каде се изнесува оценката дека станува збор за клан кој има тежиште врз организираниот криминал.Во сегашното доверливо известување, се зборуива дека семејстовото Дестани од Тетово ги контролира злосторствата и криумчарските активности во пограничниот регион меѓу Косово и Македонија. „Еколог“ издаде соопштени попладнево во кое се вели дека оценките од кругови блиски на КФОР се „содржински неточни“ и дека не постои поврзаност меѓу фирмата или неговите сопственици со криминални кругови. Според нив, најверојатно станува збор за „грешка во името“.„Деловната врска се’ уште не е преиспитана. Мене дури сега некои факти ми се познати. Та автоматски доведува до покренување истрага колку Еколог се’ уште може да виде пригфатлив како деловен партнер. Во мој интерес е НАТО и ИСАФ да не бидат доведени во каква и да е врска со нелегални работи“, изјавил генералот Рамс за Deutsche Welle, кој попладнево ја проследи оваа доверлива информација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Според пријавеното, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја истепал поранешната партнерка и насилно ја исфлил од автомобилот
Скопското Обвинителство поведе постапка против едно лице за телесна повреда.
„Осомничениот на 4 јануари, при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента“, соопшти Обвинителството.
Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош.
Јавниот обвинител предложи од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.
Црна хроника
Државјанки на Бугарија осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни износи.
Така на 04.04.2025 година, во автобус бр.7 на ЈСП-Скопје, на релација од поликлиника Букурешт до Рекорд, осомничената украла паричник во кој имало 2.600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот се јавил да ја блокира сметката од банка му кажале дека од банкомат веќе му биле подигнати 30.000 денари.
Во текот на август 2025, во трговски центар во Скопје, три пати вршела кражби на паричници во кои имало документи, картички, пари и други вредни предмети со што првично прибавила противправна имотна корист од 39.000 денари. Потоа од картичките се обидувала да извлече уште пари, што кај една оштетена и успеало и од банкомат на два пати и повлекла од сметката вкупно 60.000 денари.
Последниот пат на 04.01.2026 година двете осомничени заедно, повторно во продажен објект на трговски центар, украле паричник од оштетена и други предмети во вкупна вредност од 3.000 денари, а потоа два пати неуспешно се обидувале од банкомат да повлечат пари од сметката на оштетената.
Бидејќи во конкретниот случај постојат индиции дека осомничените во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН кодови кои жртвите, повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници, јавниот обвинител презема дејствија за да испита дали осомничените исполниле и елементи на кривично дело – Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. За осомничените странски државјанки предложена е мерка притвор.
Фото: unsplash

