Црна хроника
Прикажале лажни документи за поврат на ДДВ и зеле 50.000 евра

Сопственик и управител на скопска фирма заедно со уште едно лице прикажале лажни документи за поврат на ДДВ и зеле 50.000 евра.
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и седумгодишниот управител и сосптвеник на фирмата „Хардекс Трејд“ и четириесет и двегодишен скопјанец под сомнение дека сториле кривично дело „измама“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „соизвршителство“.Сопственикот заедно со второпријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист во текот на 2011 година за даночниот период од 1 јануари 2011 до 31 март 2011 година, изготвиле и употребиле ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно, во истата евидентирале измислени влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација за истиот. Пријавените лица со поднесување фалсификуваната ДДВ пријава ги измамиле, односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП при што противзаконски и неосновано успеале да извршат поврат на ДДВ во износ од 50.000 евра за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.Веднаш откако парите пристигнале на сметката на правното лице, второпријавениот ги извадил сите средства во кеш и ги поделил со другите учесници во криминалот, кои понатаму ги користеле за свои лични потреби.Двете пријавени лица се изведени пред надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.