Црна хроника
Приведени четворица за шверц на 26 килограми хероин
Полицијата попладнево во рамки на операцијата „Босфор“ пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење дрога, при што досега приведе четири лица, македонски државјани и заплени околу 26 килограми високо квалитетен хероин
Хероинот, според првичните информации со кои располага МВР, бил сокриен во детска постелнина, а шверцот се одвивал на релација Турција – Македонија – Косово. Македонската полиција ја продолжува операцијата и е во контакт со косовската полиција околу обезбедување на идентитетот на нарачателот на хероинот.МВР за утре најави повеќе детали околу операцијата „Босфор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.