Македонија
(Видео) Велковски: Шилегов остави долг од околу 150 милиони евра
Благодарност до можност да денеска продискутираме за одредени теми по однос на она што Градот Скопје го има затекнато, односно она што градоначалничката при нејзиното доаѓање затекна во Градот Скопје. Би сакал да започнам од она што значат финансиски средства и што тоа значело во тој момент кога градоначалничката Арсовска го презема раководството во Градот Скопје. Тоа беа вака голема сума на обврски односно околу 58 милиони евра само во доспеани обврски, обврски кои што требаше Градот веќе да ги исплаќа. Потоа, тука следеа оние 11 милиони, односно од прилика околу 11 милиони уште недоспеани договори, меѓутоа постапки во тек и слично кои што доспеваа за многу брзо време. Тука мора да се напоменат исто така и оние кредити кои што седум вкупно кои што беа веќе резервирани односно земени од страна на претходниот градоначалник Петре Шилегов. И кога ќе ги сумираме вака зборувам за само од старт во тој месец ноември кога се презема Градот Скопје тоа беа од прилика околу 150 милиони евра на обврски кои што ние нели граѓаните на градот Скопје ќе треба и треба да ги исплаќаме зборувам во идно време“, истакна Ѓоко Велковски, генерален секретар во Град Скопје на денешната трибина насловена „Затекнато – реализирано во Град Скопје“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Велковски додаде дека без оглед на преголемите долгови кои што ги остави претходното раководство предводено од Петре Шилегов, градоначалничката Арсовска со својот тим продолжува да функционира и да работи на проектите кои што ги вети на граѓаните.
„ Во однос на проекти, што би значело, што затекнавме, и тука ситуацијата беше вака генерално не така сјајна. Да не кажам катастрофална. Беа започнати неколку булевари кои што биле тендерирани и започнале со нивна реализација, меѓутоа никој не мислел како тие сите ќе бидат завршени односно ќе бидат реализирани до крај. На што се однесува ова, тоа се „Борис Трајковски“, особено „АСНОМ“ и мостот „Љубљанска“ популарно кажано. Тие три проекти беа заглавени со имотно правни односи. Односно некој започнал работи и да тендерира, без претходно да со приватни сопственици, дали со државата ги решат тие имотно правни односи“, заклучи Велковски.
Велковски посочи дека веднаш по доаѓањето на градоначалничката Арсовска по однос на овој проблем се започна со реализација и расчистување на проектите но за овие 100-тина дена голем дел од имотно правните односи се започнати и се во постапка на реализација, а дел се веќе реализирани. Така да се расчистува со имотно правни односи за бул. „Борис Трајковски“ за позиции за да може да се реализира. Петре Шилегов започнал со реализација на овие проекти но наопачки, наместо од почеток тој започнал од крајот.
Во текот на трибината се обрати и Петар Милетиќ, кој што е советник во Советот на Град Скопје. Тој се осврна на промените кои што дојдоа во Градот Скопје по преземањето на власта од страна на Данела Арсовска.
„ Има големи промени. Промените се по однос на тоа што транспарентно се работи и граѓаните може да ги гледаат седниците во живо. За прв пат Советот на Град Скопје воведе пракса да се пренесуваат седниците во живо за разлика од претходната советничка група која ја предводеше СДСМ и мнозинството кое тие го држеа, тоа беше совет кој работеше во корист на неколку луѓе. Тоа беше заробен совет каде се гласало онлајн преку платформата „Zoom“. Ја искористија пандемијата и еден човек гласаше а десет советници, така да нивното право на глас беше одземено“, рече Милетиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците
Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него, барањето на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците.
„Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики“, рече Филипче.
„Ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците. Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците“, рече Филипче.
Понатаму, додаде тој, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 – субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.
„Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите. И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците.“, појасни Филипче.
Македонија
62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ
Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице по компликации од грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај.
Лицето било хоспитализирано на инфективното одделение во Клиничката болница Тетово. Кај починатото лице било утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3), соопштија од Институтот.
Инаку во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија биле пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип или 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле 1.708. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона (3.036) е намален за 50,7%.
„Во однос на возраста, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст
од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца ) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Заболените лица се пријавени од Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип. Во Охрид, Дебар, Гевгелија се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум центри, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип“, според ИЈЗ.
Македонија
Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година
Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски откога веќе блокираше 15.000 сметки на граѓани и компании за неплатен данок на имот за 2021 година со вкупен износ од 1,3 милиони евра, е решен да ги наплати наталожените ненаплатени даноци и од останатите години па денес повика граѓаните и фирмите во следните 15 дена да си го платат данокот.
„Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ данок на имот за периодот 2022-2025 година. Станува збор за 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти кои вкупно му должат на Градот близу 20 милиони евра по овој основ. Тоа се средства кои ни се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот во нашиот град“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски со објаснување дека ред мора да има и оти секој денар уплатен во буџетот на Градот значи повеќе проекти и подобар град за сите.
Ѓорѓиевски се пофали дека за само два месеци тој и неговиот тим успеале да намалат повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, паралелно почнале со, како што рече, „најмногу капитални проекти што овој град кога било во историјата ги видел“, а потсети и дека успеале да донесат буџет од 5,2 милијарди денари кој спореден со минатогодишниот буџет е повисок за 12 %.

