Црна хроника
Ден на жалост во општина Бутел – погреб на убиените

Знамињата пред административната зграда на општина Бутел се симнати на половина копје поради петкратното убиство што се случи во четвртокот вечерта во скопско Смилковци.
Обдуцкција е завршена, а телата на Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Филип Славковски и Борче Стефковски се предадени на семејствата. Во текот на денот се очекува да бидат погребани.
Во четвртокот вечерта рибари пронајдоа пет мртви тела покрај Железарското езеро кај село Смилковци, четири момчиња на возраст од околу 20 години од населбата Радишани и четириесет ипетгодишен жител на село Црешово.
Жителите на населбата Радишани вчера во знак на револт ги блокираа приодите кон Радишани и побараа полицијата што побрзо да го расветли убиството.
Според последните информации, на разговор во полицијата биле повикани 35 лица за да се разјаснат околностите под кои се случи убиството.
Но засега нема ниту осомничени и нема одговор кој и зошто го изврши петкратното убиство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот