Свет
(Видео) Жена упадна во програма во живо на руската државна телевизија: Не за војната, ве лажат
Преносот во живо на руската државна телевизија го прекина една жена мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“, пишува Би-би-си.
На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата „Телеграм“, се гледа како жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма Време на Првиот канал.
„Не верувајте во пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува на нејзиниот знак.
Демонстрантката, чие име не е наведено, наводно е вработена во телевизијата.
Набрзо било откриено која е жената. Станува збор за Марина Овсјаникова, вработена во телевизијата, која пред својот потфат снимила порака и ја објавила на социјалните мрежи. Во пораката таа открила дека нејзиниот татко е Украинец и повика на антивоени протести.
„Се срамам што работев за пропагандата на Кремљ. Не можат сите да не стават во затвор“, рече таа во пораката.
Сите медиуми пишуваат дека Овсјаникова е веќе приведена.
Marina Ovsyannikova’s case will be a big test of Russia’s new Administrative Violations Code 20.3.3 — the military censorship law that makes repeat offenses punishable by up to 15 years in prison. How will the authorities handle such a visible, embarrassing infraction?
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега
Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.
На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.
Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.
Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.
Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.
Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.
Свет
Литванија побара од Меѓународниот кривичен суд да ги истражи злосторствата на Лукашенко против човештвото
Литванија поднесе барање до Меѓународниот кривичен суд да ги истражи можните злосторства против човештвото од режимот на белорускиот лидер Александар Лукашенко.
„Денеска, 30 септември, претставници на Министерството за правда испратија барање на Република Литванија до Меѓународниот кривичен суд за покренување истрага во согласност со член 14 од Римскиот статут во врска со ситуацијата во Белорусија, особено во однос на злосторствата против хуманоста извршена од режимот на Александар Лукашенко – присилна депортација и прогон на лица и други сурови дејствија што се спротивни на основните норми на меѓународното право“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Министерството за правда на Литванија.
Се додава дека „иако Белорусија не е земја потписничка на Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд, овој суд има јурисдикција и да истражува ситуации во кои злосторствата против човештвото ги преминуваат границите на државите потписнички на Римскиот статут, како што е Литванија. “
Свет
Ердоган повика на мобилизација на муслиманите: „Тажен сум што не сме поактивни против Израел“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Генералното собрание на Обединетите нации треба да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не успее да ги запре израелските напади врз Газа и Либан.
Турција, членка на НАТО, ги осуди разорните израелски напади врз Хамас во Газа и Хезболах во Либан. Анкара ја запре целата трговија со Израел и поднесе барање да се приклучи на тужбата за геноцид против Израел пред Светскиот суд.
„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата Обединети за мир од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по состанокот на владата.
Во резолуцијата се наведува дека Генералното собрание на ОН може да се вклучи доколку несогласувањата меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – не успеваат да го одржат меѓународниот мир.
Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може секојдневно да донесува законски обврзувачки одлуки, како што се одобрување употреба на сила и воведување санкции.
Ердоган, исто така, рече дека е тажен што муслиманските земји не успеваат да заземат поактивен став против Израел, барајќи од нив да преземат економски, дипломатски и политички мерки против Израел за да го притиснат да прифати примирје.
„За мир на сите во нашиот регион, од муслимани до Евреи до христијани, ја повикуваме меѓународната заедница и муслиманскиот свет да се мобилизираат“, рече Ердоган, додавајќи дека нападите на Израел ќе бидат насочени и кон муслиманските земји, доколку наскоро не бидат запрени.