Црна хроника
Oбид за шверц со цигари и алкохол со автобус на ЕУЛЕКС
Македонска царина на граничниот премин Блаце денеска спречи обид за нелегален влез на поголема количина цигари и алкохол, кои биле сокриени во автобус на ЕУЛЕКС мисијата на Косово
Како што соопшти Царинската управа, изутрината при влез во државата биле откриени 341 штеки цигари од повеќе марки и 133 литри разни алкохолни пијалоци, кои се пронајдени во автобус со романски регистарски ознаки, во кој се наоѓале 16 патници вработени во ЕУЛЕКС мисијата на Косово .Во текот на информативниот разговор било утврдено дека 178 од штеките цигари биле сопственост на возачот на автобусот, додека останатите 163 штеки и алкохолните пијалоци биле сопственост на патниците. Против возачот на автобусот ќе биде поднесена кривична пријава, додека против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки за утврдување на нивната одговорност пред Комисија за решавање по прекршок при Царинската управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

