Македонија
Николовски: Околу 550 илјади евра ќе се исплатат на земјоделците од Росоман за штетите од 2021
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во присусутво на градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, оствари средба со земјоделци производители на праски од овој регион.
Росоман е една од петте општини каде што земјоделците претрпеа штети од временски непогоди минатата година, а кои имаа доставенo комплетна документација.
На денешната средба, која се одржа на поле, министерот Николовски лично им соопшти на присутните земјоделци дека сите што имале штети врз земјоделското производство поради временските непогоди минатата година ќе бидат обештетени.
„Во време на светска криза, во време на затворени пазари целото Министерство е мобилизирано повеќе пари да стигнат кај земјоделците, фармерите, производителите. Сè повеќе мерки и политики да бидат воведени, но секако и да бараме алтернативни пазари во оваа состојба на војна во Европа. Затоа оваа одлука за плаќање на обештетувањето беше врвен приоритет на Министерството и на Владата и затоа 729 баратели – земјоделски производители од Росоман кои имаат штети од измрзнувањето во 2021 година, ќе добијат обештетување од околу 33 милиони денари односно 550 илјади евра“, изјави Николовски.
Владата на една од претходните седници ја усвои информацијата за обешетување на земјоделците кои претрпеа загуби од временските непогоди. Според елаборатот доставен од општинската комисија за проценка на штети, ниските температури нанеле штети на овошните насади кои беа во фаза на цветање и формирање плод. Обешететувањето ќе биде во висина во 10 отсто од вкупно проценетата штета.
Освен Росоман, со одлуката на Владата ќе бидат обештетни и Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце.
Николовски од Росоман посочи дека на денешната средба со земјоделците разговарано е и за алтернативни пазари за извоз на праски со оглед на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина. Исто така, министерот информираше и за мерките од новата програма за интервентниот фонд и за новиот модел на авансно субвенционирање кој за прв пат старува од оваа година и тоа токму со овоштарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

