Црна хроника
Полициска акција Детонатор во Кочани-уапсени 23 лица
Вкупно 23 лица се уапсени ноќеска во Кочани во голема полициска акција под оперативното име „Детонатор.“
Според првичните полициски информации лицата се осомничени за изнуда, насилство, изнуди, трговија со дрога и оружје и други кривични дела и прекршоциТие се товарат дека постојано правеле нереди во кочанско-виничкиот регион и го нарушувале спокојството на граѓаните и јавниот ред и мир.Министерството за внатрешни работи се уште не соопшти детални официјални информации, а на својата веб страна единствено постираше видео снимка од синоќешната акција.Од МВР потврдуваат дека подолго време работеле на прибирање оперативни сознанија и докази за постоењето и делувањето на криминална група во Кочани и Виница која оперирала во источниот регион и за која постоеле одредени информации дека се занимава со различен вид на криминал. Полицијата по претходно добиени сознанија направила рација во две дискотеки во Кочани и уште неколку домови и правни субјекти, при што се пронајдени четири пиштоли, самострел и поголемо количество на разна муниција. Покрај ова пронајден се и запленети повеќе од 40 илјади евра, 11 илјади долари, 550 илјади денари, и друга помала сума на пари во различни валути. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

