Црна хроника
Извлечено телото на удавеното момче
Спасувачките екипи утрово околу 7 часот го извлекоа телото на шеснаесетгодишното момче, кое што вчера се удави во Охридското езеро
Во потрагата по детето учествуваа екипи на граничната полиција, како и нуркачката единица при Црвениот крст.Кај местноста ткн. Машка плажа во центарот на Струга, доцна попладнето во недела се удави шеснаесетгодишно момче од Велес. Шеснаесетгодишниот Риат С. се возел со педалинка заедно со неговиот татко, кој исто како и момчето бил непливач. Момчето рипнало од педалинката, но по неколку секунди но не се поавило на површината по што таткото почнал да бара помош. Во засега непознати околности момчето паднало и се удавило.Ова е втор несреќен случај со педалинка летово. Пред две недели надвор од безбедносната зона, на плажата Славија се удави дваесет и двегодишно момче од прилепското село Дебреште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.