Црна хроника
Полицијата ја расветлува тепачката во Велес
Неколку лица се средношколската тепачка со двајца повредени се идентификувани, а истрагата е во тек, соопштија во петок од велешката полиција
Дијана Иванова, од ВелесСВР Велес работи на расветлување на синоќешната тепачка во училишниот двеор на средните училиште Димитрија Чуповски и Кочо Рацин.Анита Стојковска портпарол на СВР Велес потврдува дека по дојавата за тепачка, полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот каде ги затекнала повредените лицата А.Џ. (16) и С.А. (18) и двајцата од село Бузалково.Полицијата веднаш започнала со истражни дејствија, повикани се неколкумина учесници. Истарагата сеуште трае велат од полицијаат.„Засега можеме да потврдиме дека неколку лица кои го извршиле нападот се идентификувани, повикани во просториите на СВР Велес и по целосно расветлување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Насилство“, вели Стојковска.Тепачката се случи вчеравечер, кога според очевидец група на ученици во еден момент започнала да вика и со трчање се упатила кон сега повредените средношколци. А.Џ и С.А од неколкумина од учесниците добиле удари во пределот на главата и по целото тело.Со возило на итната медицинска служба веднаш се пренесени во Градската болница во Велес каде лекарите констатирале лесни телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

