Црна хроника
Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за набавка на ендоскоп во 2016 година.
Како што наведуваат од Обвинителството, првоосомничениот сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, второосомничениот го поттикнувал при извршувањето на наведеното кривично дело, а сторил и кривично дело фалсификување службена исправа, а третоосомничената сторила кривично дело несовесно работење во службата.
„Во текот на 2016 година, првоосомничениот, како службено лице, во својство на директор на јавна здравствена установа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба, при вршење јавна набавка прибавил за друг значителна имотна корист, при што му нанел штета на буџетот на установата. Тој, поттикнат од второосомничениот – управител на правно лице за набавка, продажба и сервисирање медицинска опрема од Скопје, ги прекршил одредбите од Законот за здравствената заштита и Законот за јавните набавки. Изготвувајќи тендерска документација и технички спецификации спротивни на низата конкретни укажувања што биле предочени од советот за јавни набавки во насока на заштита на конкуренцијата на пазарот, објавил оглас за јавна набавка на ендоскопски систем со гастроскоп, електрохируршка единица и аргон плазма коагулација во еден неделив предмет иако немало реална потреба за тоа и немал добиено согласност за користење на критериумите за утврдување способност од страна на советот за јавни набавки. На огласот според дефинираните технички спецификации била доставена само една прифатлива понуда и тоа од страна на економскиот оператор застапуван од страна на второсомничениот. Првоосомничениот знаел дека економскиот оператор не ги исполнува сите услови, па извршил измена на делот од тендерската документација и го избришал условот за учество во конкретната јавна набавка што не го поседувал пријавениот економски оператор. Со ваквите дејства првоосомничениот овозможил понудата на економскиот оператор да биде избрана како најповолна понуда и склучил договор со второосомничениот за предметната јавна набавка со вкупна вредност од 6.115.468,00 денари. Со тоа првоосомничениот прибавил значителна имотна корист во износ од 3.542.317,00 денари за правното лице, кој износ претставува позитивна разлика од продажната минус набавната вредност, со што му нанел штета на буџетот на установата во износ од 942.315,00 денари.
Второосомничениот како одговорно лице во правното лице, во текот на 2016 година во службена исправа внел невистинити податоци по што исправата ја употребил како да е вистинита и во име на правното лице, а со крајна намера да изврши продажба на медицинско средство – ендоскоп, доставил барање до Агенцијата за лекови и медицински средства за издавање одобрение за увоз. Тој како управител потпишал и доставил изјава со која во име и за сметка на правното лице изјавил дека увозот на медицинското средство од производител од Р. Србија, купено за износ од 26.500,00 евра или 1.630.836,00 денари, се врши за краен корисник – јавната здравствена установа, што не соодветствувало со наводите во понудата по огласот, каде што бил наведен производител од Јапонија.
Врз основа на барањето поднесено од второосомничениот, третоосомничената во својство на службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, без да ги изврши потребните проверки и да ја побара потребната документација, спротивно на одредбите од Законот за лековите и медицинските средства во ЕХИМ-системот, изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство, чиј производител не е регистриран. Со дејствата на несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности третоосомничената овозможила правното лице да изврши увоз и промет на медицинско средство и да прибави значителна имотна корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница
СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Како што информираат од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била жртва на телефонска измама. Лице кое се претставило како полициски инспектор ѝ се јавило и лажно ја известило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување дека е потребно итно плаќање, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола.
Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита, случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени истражни мерки.
Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, при што во целост го признал делото. Истражната постапка продолжува во надлежност на Основното јавно обвинителство Битола.
Топ
Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно – загрозувачка состојба, појаснија од МВР.
Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четворица мажи киднапирале девојка во Струга
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале 23-годишна девојка.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје.
Откако 25-годишниот А.А. ја забележал девојката, тој подолго време ја следел и потоа насилноја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите тројца пријавени.

