Црна хроника
На повеќето од жртвите во Монструм им било пукано од зад грб

На повеќето од жртвите кои беа изрешетани во април минатата година кај Смилковското езеро им било пукано од зад грб и најверојатно во лежечка положба, а некои од нив се соочиле лице во лице со убијците.
Во сите било пукано на оддалеченост од еден до еден и пол метар. Не биле малтретирани, туку механичките повреди ги здобиле од паѓање или од куршумите.
Вештите лица од судска медицина во среда детално објаснуваа со колку куршуми биле убиени четирите момчиња и рибарот, која била смртоносна и во каква положба се наоѓале жртвите. Комплетниот извештај го презентираше специјалистот по судска медицина, Билјана Јаневска, а зборуваа и останатите специјалисти кои ги правеле обдукциите.
Цветанчо Ацески бил убиен со четири проектили, најверојатно од позади, додека убиецот стоел над жртвата кај неговите нозе, додека момчето најверојатно било во лежечка положба. Ацески имал повреди во вратот, грбот, левата надлактица, шака.
И Филип Славковски бил убиен од зад грбот со три куршуми. Момчето најверојатно било во лежечка положба или наведнат.
Кире Тричковски се соочил со убиецот, бидејќи убиецот го погодил светен кон него во стомакот. Другите три рани му биле нанесени и нему од зад грб.
Телото на рибарот Борче Стефковски било најдено паднато до автомобилот фиат уно, а кај него се најдени четири прострелни рани во градниот кош и во главата. Убиецот се наоѓал зад жртвата. Стефковски најпрвин бил исправен или бил потклекнат покрај влезната врата од автомобилот. Другите повреди му се нанесени во лежечка положба.
Најмногу прострелни рани биле констатирани кај Александар Накевски, седум од нив биле прострелни рани, а една устрелна.
Едната повреда е нанесена од напред, во стомакот, а останатите му бил нанесени од позади додека клечел, бил наведнат или лежел.
Пред судот за убиството одговараат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, додека двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Косовски државјанин приведен на Блаце: бил со италијански фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.
Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, соопшти обвинителството.
Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.