Контакт

Скопје

Пуштена во употреба новата спортска сала во Ченто

Објавено пред

Спортската сала “Крсте Мисирков” при ОУ “Крсте Мисирков” во скопската населба Ченто во петок свечено беше пуштена во употреба.

dobivaj vesti na viber

„Спортската сала која ја ставаме денска во функција верувам ќе биде од огромна поддршка за учениците од ОУ ‘Крсте Мисирков’ за изведување на наставата по физичко, но и за вонучилишни спортски активности, а ќе може да се користи и од сите спортски клубови и  граѓани, кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат. на површина од околу 1.400 метри квадратни, со трибини и модерни спортски реквизити, ќе можат да се практицираат најразлични видови на спортови како што се: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг-понг, но и да се следат бројни спортски натпревари”, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. Спасески потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата за млади и спорт. Оваа сала, посочи Спасески, била дел од приоритетите бидејќи е барање на граѓаните од населбата Ченто.На свеченото отварање се обрати и Вицепремиерот Владимир Пешевски кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.На отворањето, покрај вицепремиерот Пешевски, присуствуваа и владини министри, градоначалниците на Скопје и општина Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. /крај/со/ст

Македонија

Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:

dobivaj vesti na viber

· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;

· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;

· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;

· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без вода делови од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Објавено пред

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет2 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа3 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...