Европа
Францускиот управен суд ја укина забраната за буркини

Највисокиот управен суд во петокот ја повлече општинската одлука за забрана на буркините, предупредувајќи ги градоначалниците кои донеле такви одлуки дека секоја забрана за костим за капење коешто го покрива целото тело мора да се темелат на постоењето на „јаснат закана“ за јавниот ред.
Оваа одлука на Државниот совет која се однесува на летувалишта на Азурниот брег и која ќе важи за целата француска територија, француските муслимани ја поздравија како „победа на правдата и на мудроста“.
Расправата за забрана за ваквиот костим за капење кој го носат некои муслимански жени во Европа, поттикна жестока полемика во Франција и во странство.
Државниот совет ги потсетува сите градоначалници кои при носењето на забраната за буркини на плажите се повикуваа на принципот на секуларноста дека не можат на да повикуваат на никакви други причини, освен на јавниот ред „сигурен пристап на плажите, безбедноста на капењето, хигиената и пристојноста“.
„Оваа разумна одлука ќе овозможи да се намали сегашната напнатост меѓу наите муслимански сограѓани, особено меѓу муслиманките“, реагираше на прашањето на AFP генералниот секретар на Советот на француските муслимани (CFCM), Абдалах Зекири, кој во рамките на советот претседава со Државната опсерваторија против исламофобијата.
Оваа одлука ќе ја „одредува судската практика“, изјави задоволство Патрис Ссоиноси, адвокат на Лигата за човекови права која и ја поднесе жалбата на до највисокиот француски управен суд. „Да тоа е несразмерна повреда на верските слободи и градоначалникот немал овластувања да ја ограничи таа слобода“, додава.
Пред француската амбасада во Лондон во четвртокот се одржа протест под мотото „Облечи што сакаш бич парти“ во знак на солидарност со муслиманките во Франција.
Одморалиште на островот Корзика, а претходно градовите Кан и Вилнев-Лобе кон средината на август, ги забрани буркините, костимот за капење кој го прекрива целото тело и какви сé почесто носат муслиманските жени на плажите во Европа, а особено во Франција. Тогаш општинските власти аргументираа дека ваквата гардероба, којашто го прекрива целото тело освен лицето, шаките и стапалата, е спротивна на секуларните закони во Франција.
Претходно во корзиканската престолнина Бастилја се одржаа протести, по инцидентот кога во летувалиштето Сиско пет лица беа повредени а три автомобила запалени, по тепачката која избувнала откако туристи сакале да фотографираат неколку жени кои се капеле во буркини.
Појавата на бурки и хиџаби во модните колекции во март годинава го критикуваше и министерката за женски права Лоренс Росињол, којашто муслиманките со хиџаби ги спореди со американските црнци кои го прифатиле ропството и кога било укинато, што предизвика остри реакции.
На традиционалните облеки за муслиманските жени – бурката и хиџабот во Франција не се гледа позитивно. Тие се забранети да се носат во образовните институции и во јавните служби.
Законот кој стапи во Франција на сила 11-ти април 2011 година го забранува носењето на јавни места и на улици „целосен превез“, како што се иранската паранџа, арапските никаб и бурка, кои се широко прифатени кај Авганистанките и Пакистанките. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето. Според законот, појавувањето на јавно место, како улици, паркови, плажи, продавници, ресторани, театри, железнички станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски објекти и во јавниот превоз, со целосно покриено лице повлекува казна од 150 евра.
На муслиманските жени во Франција им е дозволено да ги носат споменатите видови облека кои ги прекриваат лицата дома, во хотелски соби, во простории организации од затворен тип, на места за вршење богослужба и на верски процесии.
Во летото 2014 година Европскиот суд за човекови, решавајќи по жалби, донесе мислење дека ваквиот закон, кој е на сила и во други европски земји, е валиден./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин