Црна хроника
Пронајден трупот на исчезнатата скопјанка
Скопската полиција соопшти во неделата дека е идентификуван пронајдениот женски леш пронајден во саботата на брегот од реката Вардар, при што е утврдено дека станува збор за жителка на главниот град која е пријавен за исчезната два дена претходно.
Во саботата, околу 9,30 часот, во скопската населба Лисиче на кејот на реката Вардар, беше пронајден е женски леш. Смртта е констатирана од страна на лекар, а по наредба на Истражен судија, телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Засега нема информација кои се причините за смртта на жената.
По преземени мерки од страна скопската полиција, утврден е идентитетот на лицето, односно дека се работи за 58-годишната Роза Р. од Скопје, која бeше пријавена за исчезната на 28-ми март./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фрлил две пакувања прашеста материја кога ја забележал полицијата: уапсен 49-годишен охриѓанец
Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.