Европа
Германија ќе организира голем состанок за Украина, Русија: Заземен е огромен магацин за оружје кај Харков
Денеска е 58-ми ден од војната во Украина
Клучни настани:
Денеска нема хуманитарни коридори
594 деца погодени од руската инвазија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје
Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден
Од час во час
22:10 Германија следната недела организира огромен состанок за Украина
Американската војска очекува повеќе од 20 земји да учествуваат во разговорите за Украина следната недела, кои ќе бидат фокусирани на одбраната односно долгорочните одбранбени потреби на Киев, соопшти Пентагон.
Германија е домаќин на разговорите.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, се чини дека ги намали очекувањата во најавата на разговорите на 26. април, велејќи: „Не влегуваме во ова со однапред подготвени заклучоци“.
Тој додаде дека околу 40 земји се поканети на разговорите кои не се организирани под покровителство на НАТО и дека вклучуваат и држави кои не се членки на алијансата.
Русија тврди дека окупирала воен магацин во близина на Харков и дека сега има под контрола илјадници тони украинска муниција.
Ова го објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Веста не е независно потврдена, но претходно денеска украинските власти соопштија дека Русите извршиле офанзива во областа.
18:45 Шефот на ОН оди кај Путин во Москва
Генералниот секретар на ОН во вторник ќе отпатува за Москва за да го посети Путин, соопшти Кремљ.
Антонио Гутереш ќе одржи и работен ручек со Сергеј Лавров.
Портпаролот на првиот човек на ОН рече дека Гутереш се надева оти ќе разговара за тоа што може да направи за да донесе мир во Украина. Канцеларијата на шефот на ОН е во контакт и со Украинците за можна посета.
18:10 Oдржани разговори меѓу Москва и Киев
Главниот руски преговарач соопшти дека биле одржани неколку долги разговори меѓу шефовите на делегациите на Украина и Русија. Разговорите се одржале денеска, пишува „Скај њуз“.
Владимир Медински не даде никакви детали за разговорите.
Сепак, генералната оценка од официјална Москва е дека преговорите за решавање на конфликтот „тапкаат во место“.
Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, нагласувајќи дека не е постигнат напредок.
Претходно оваа недела, Кремљ соопшти дека испратил писмен мировен предлог до Киев, но Зеленски рече дека украинската страна не добила ништо.
17:10 Путин жестоко ја нападнал ЕУ во разговор со Шарл Мишел
Рускиот претседател ги нарекол неодговорни изјавите на претставниците на ЕУ за потребата да се реши ситуацијата во Украина со воени средства, а го споменал и тоа дека многу украински воени злосторства се премолчуваат.
Шефот на Кремљ, исто така, ги обвинил лидерите на повеќето земји од ЕУ дека отворено поддржуваат русофобични мерки, мислејќи на исклучувањето на Русија од културните и спортските настани.
15:30 Џонсон: Има реални шанси Русија да ја добие војната
Британскиот премиер, Борис Џонсон, во денешниот разговор со новинарите призна дека има реални шанси руските сили да ја добијат војната во Украина.
„Сега се блиску до обезбедување копнен коридор до Крим преку Мариупол. Ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мора да бидеме реални за тоа“, додаде британскиот премиер.
15:25 Нов ултиматум oд Русија: Борците во челичарницата може да се предадат во следните 24 часа
Руската армија денеска соопшти дека е подготвена да го почитува примирјето во секое време во целиот или дел од индустрискиот комплекс „Азовстал“, последното упориште на украинските бранители на Мариупол, со цел да се овозможи евакуација на цивили и предавање на војниците.
„Хуманитарното примирје ќе започне кога украинските вооружени сили ќе покажат бели знамиња на целиот или на дел од ‘Азовстал’“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
14:55 Украинската тајна служба за Русија: Погледнете ги нивните „модерни“ ракети
Украинската разузнавачка служба објави фотографии на својата страница, на кои тврди дека покажуваат руски крстосувачки ракети.
Тие наведуваат дека иако Русија може да се пофали со модерно оружје, ракетите биле опремени со електроника која била развиена во 1960-тите.
14:50 Шолц: Мора да избегнеме конфликт со Русија, тоа би довело до Трета светска војна
НАТО мора да избегне директен воен конфликт со Русија што може да доведе до Трета светска војна, изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германски медиуми на прашањето за неуспехот на Германија да испорача тешко оружје на Украина.
14:18 ОН: Имаме докази за воени злосторства во Буча, oна на што сме сведоци е ужас
Канцеларијата за човекови права на Обединетите Нации соопшти дека открила повеќе докази за воени злосторства во Украина, опишувајќи ја војната како хорор приказна за кршење на правата на цивилите.
14:07 Руски командант: Целта на војната е поголема отколку што се мислеше
Макс Седон, дописникот на московскиот „Фајненшл Тајмс“, го цитира рускиот воен командант Рустам Минекаев кој сугерирал дека целите на руската инвазија на Украина се пошироки отколку што се мислеше.
13:45 Литванците во страв од нов конфликт: НАТО да ги зајакне своите трупи
НАТО треба да го зголеми распоредувањето на војниците во Литванија и другите области на источна Европа по руско-украинскиот конфликт, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа пред германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на денешниот состанок во Вилнус.
13:35 Папата ја откажа средбата со рускиот патријарх
Плановите за средба меѓу папата Франциско и рускиот патријарх Кирил во јуни во Ерусалим се прекинати, изјави Папата за аргентински весник.
Ројтерс претходно објави дека Ватикан размислува да ја продолжи посетата на Папата на Либан на 12 и 13 јуни за еден ден, за да може да се сретне со патријархот Кирил во Ерусалим на 14 јуни.
11:20 Чеченците објавија видео од Мариупол, Кадиров: Градот е под наша контрола
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео од чеченските војници од Мариупол, велејќи дека чеченските трупи ја презеле контролата врз секоја педа од пристанишниот град во јужна Украина.
?Čečeni objavili snimak iz Mariupolja
Kadirov: "Grad je pod našom kontrolom" ⤵️ #MariupolNow #UkraineRussiaWar #BREAKING pic.twitter.com/jti9xGulrw
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 22, 2022
Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина.
10:20 Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот
Градоначалникот на Мариупол упати нов апел за целосна евакуација на градот, за кој претседателот Владимир Путин вели дека сега главно е под контрола на руските сили.
„Ни треба само целосна евакуација на населението. Околу 100.000 луѓе остануваат во Мариупол“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко на националната телевизија, пренесува Ројтерс.
10:00 Штетата од руската инвазија на Украина достигнува 60 милијарди долари, велат од Светска банка
Реновирањето на сите згради и инфраструктура оштетени во Украина за време на војната со Русија ќе чини околу 60 милијарди долари, соопшти Светската банка.
09:55 ЕУ: Возете помалку и работете од дома за да ја намалите зависноста од руската нафта и гас
ЕУ ги повикува луѓето да возат помалку, да користат помалку клима и да работат од дома најмалку три дена во неделата за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.
Од Европската комисија велат дека со мерките што ги разви Меѓународната агенција за енергетика, домаќинствата во просек ќе заштедат близу 500 евра годишно.
09:20 „594 деца погодени од руската инвазија“
Украинскиот парламент ги ажурираше податоците за децата жртви на војната на Твитер. Оттаму велат дека вкупниот број на погодени деца од руската инвазија е 594. Загинаа 208 деца, а 386 беа повредени.
‼️Більше ніж 594 дитини постраждали в Україні внаслідок повномасштабної збройної агресії Російської Федерації, повідомляють ювенальні прокурори.
Станом на ранок 22 квітня офіційне число загиблих дітей не змінилося – 208. Зросла кількість поранених – 386.https://t.co/mjO2yIQ9xb— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) April 22, 2022
09:10 Поранешен советник на руската влада: Путин е депресивен и болен
Видеото на кое Владимир Путин цврсто се држи за масата за време на средбата предизвика шпекулации за здравјето на рускиот лидер, пишува „The Telegraph“.
Шефот на Кремљ е прикажан на видеото како разговара со Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, за ситуацијата во Мариупол. Шојгу го информира Путин дека Мариупол паднал, а Путин му честита за тоа, пишуваат медиумите во регионот.
In social networks, people noticed that #Putin, at a meeting with #Shoigu, sat all the time in an unnatural position, grabbing the table with his hand and not letting go.#Ukraine pic.twitter.com/LCz44KJbF9
— Alex Patrushev (@Magnifyingglas_) April 21, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Во видео пораката, Зеленски ги повика Украинците кои живеат под руска окупација во тие региони да не им даваат на руските сили какви било лични податоци, како што се броевите на пасошите.
08:40 Украина: „Русите киднапираа функционер во Херсон, не уценуваат“
Руски трупи киднапираа локален функционер кој раководеше со хуманитарен конвој во јужниот регион Херсон, изјави заменик-премиерот на Украина. Ирина Верешчук рече дека војниците на Кремљ понудиле ослободување на официјалните лица во замена за руските воени заробеници, но додаде дека тоа е неприфатливо.
08:15 САД: Кина ги повторува руските безбедносни идеи поврзани со војната во Украина
Американскиот Стејт департмент оценил дека Кина продолжува да повторува некои руски идеи за безбедноста поврзани со војната во Украина, вклучувајќи го и концептот на Кремљ за „неделлива безбедност“, пренесуваат медиумите во светот.
08:00 Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.
Тоа го изјави Зеленски синоќа во своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.
Претходно тој ја отфрли можноста да оди во Москва на директни разговори со руските лидери за завршување на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беше на преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, објави Украинска правда.
Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека тој и Стаб разговарале за „контакт со партнерите“ во контекст на мировните преговори.
„Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато во развојот на потребните безбедносни гаранции, план за закрепнување и економски развој, како и рамковен документ од 20 точки“, објави Зеленски.
Тој додаде дека украинската страна вредно работи за да постигне „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ целиот свет и за глобалниот мир“.
Зеленски особено им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.
Европа
(Фото) Бомба експлодираше на прометна улица во Харков: има загинати и повредени
Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи градски пат. Во нападот загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.
Градоначалникот на Харков беше првиот што го пријави нападот на социјалните медиуми. „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот Харков. Според првичните информации, нападот ја погодил населбата Шевченки. Информациите за последиците од нападот се проверуваат“, напиша Терехов.
🇺🇦🔱 Kharkiv.
ruzzia attacked the city and suburbs with KAB'sIn this area, there are only civilian residential buildings, an educational institution, and no military facilities.
▪️One man was killed on the spot, and another died in an emergency medical vehicle. pic.twitter.com/Bvm6doETcS— Tracey SBUFella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) December 26, 2025
Подоцна, Терехов даде повеќе детали, велејќи дека бомбата погодила „еден од најпрометните патишта во Харков“.
„Неколку автомобили се во пламен, а прозорците во блиските куќи се скршени. Имало луѓе во запалените автомобили“, додаде тој.
Подоцна попладнето, Терехов го потврди бројот на жртви. Според него, едно лице е убиено, а тројца се повредени, од кои едно е во сериозна состојба.
Европа
(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија
Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов удар врз енергетската инфраструктура на Москва. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека нивните воздухопловни сили ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во рускиот регион Ростов, каде што биле регистрирани „серија експлозии“.
Стратешки удар врз руската логистика
Во официјалното соопштение на украинската војска се вели дека нападот бил успешен. „Воздухопловните единици успешно ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во Ростовскиот регион на Руската Федерација со крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ лансирани од воздух“, се вели во соопштението.
The oil refinery in Novoshakhtinsk, southern Russia, has reportedly just been hit.
It has been targeted by Ukrainian drones multiple times before.
📹 Exilenova+ pic.twitter.com/xAlvYcQBc9— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) December 25, 2025
Киев вели дека рафинеријата Новошахтинск е клучен снабдувач со гориво за јужна Русија и игра директна улога во поддршката на руската војска, која ја снабдува со дизел гориво и керозин за авиони.
L'Ucraina ha attaccato una delle più grandi raffinerie di petrolio nel sud della Russia, la Novoshakhtinsk Oil Refinery ("NZNP"), capacità di fino a 7,5 milioni di tonnellate di petrolio all'anno.
L’attacco sarebbe avvenuto con missili Storm Shadow pic.twitter.com/uOwMmvM7ak— jacopo iacoboni (@jacopo_iacoboni) December 25, 2025
Прва употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз оваа цел
Објектот бил цел на украински напади најмалку шест пати од почетокот на руската инвазија, а првиот регистриран напад бил во март 2024 година. Сепак, вчерашниот напад ја означува првата потврдена употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз рафинеријата.
Објектот се наоѓа на приближно 175 километри од територијата контролирана од Украина, додека ракетите „Сторм Шедоу“ имаат дострел од повеќе од 250 километри.
Нападите врз енергетската и логистичката инфраструктура длабоко на руска територија се дел од пошироката украинска стратегија. Со вакви акции, Киев се стреми да се спротивстави на речиси секојдневните руски ракетни напади и напади со дронови, насочени кон објекти кои се клучни за одржување на воените напори на Русија.

