Црна хроника
Банда крадела лаптоп-ови од битолско училиште

За осумина битолчани на возраст од 16-39 години и 21-годишна пробиштипјанка со привремен престој во Битола, битолската полиција поднесе пријави откако го потврди основаното сомнение дека се сторители на кривични
Оливера Михајловски, од Битола
Петмина од пријавените се гонат за десет кривични дела „тешки кражби“ од кои една била само обид, додека остантите четворица за кривично дело Прикривање. Кражбите се одвивале во период од декември 2009 г. до октомври годинава.„Во група од по двајца или тројца вршеле тешки кражби и тоа во два наврати во основно училиште во Битола во шест наврати во продавници и по еднаш во спортска обложувалница и во слаткарница.“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР БитолаФизичка сила и погоден алат биле зафатите со кои пријавените најпрво ги отстранувале катинарите од влезните врати, металните решетки или ги кронеле метланите лимови од излозите на продавниците па одземале разни видови предмети и производи.„Поголем број лап топ компјутери, поголемо количество разни видови цигари и пијалоци, парични средтсва во разни апоени, како и плазма и ЛЦД телевизори со што ги оштетиле сопствениците за сума од над 470 илјади денари.Четворица од пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист иако знаеле дека предметите потекнуваат од извршено кривично дело , купиле предмети по нзначително пониски цени од реалните“, рече Стрезовски:Пријавените се изведени пред истаржен судија кој на две лица им одреди мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.