Спорт
Одобрен проектот за „Ноу Камп“, Барса се сели на друг стадион
Поради започнувањето на големиот проект и реконструкцијата на стадионот „Ноу Кам“, од сезоната 2023/2024, екипата на Барселона ќе игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“.
На каталонскиот гигант му е одобрен големиот проект наречен „Еспаи Барса“, во кој ќе се изврши реконструкција на „Ноу Камп“.
За овој проект клубот ќе издвои 1.500.000.000 евра.
„Го одобривме проектот за реновирање на „Камп Ноу“. Работите можат да започнат во јуни“, рече градоначалничката на Барселона, Ада Колау.
Претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта најави дека Барселона ќе го има најдобриот стадион во светот.
„Работите ќе започнат во јуни. Тоа ќе биде најголемиот спортски, забавен и иновативен простор на еден град. Ќе биде најголемиот спортски објект во светот. Новиот „Камп Ноу“ ќе биде најдобриот стадион во светот“, рече Лапорта.
Фудбалерите на Барселона ќе одиграат уште една сезона на Камп Ноу, а потоа ќе се преселат на стадионот „Монжуик“, каде треба да останат до 2025 година, кога треба да завршат градежните работи.
Реконструкцијата на стадионот ќе чини околу 900.000.000 евра, а останатите пари ќе бидат потрошени за нова сала со капацитет од 12.500 гледачи, нов стадион за младинската школа и друга инфраструктура.
По реконструкцијата стадионот ќе прими 105.000 гледачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лацио заинтересиран за Лазар Самарџиќ
Италијанскиот великан Лацио е заинтересиран за купување на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.
Со решавањето на финансиските тешкотии, Лацио повторно е активен на пазарот и има намера да донесе сериозни имиња во зимскиот преоден рок.
Според „Газета дело спорт“, Маурицио Сари сака да го засили тимот со играч од средниот ред, а прв пик му е Самарџиќ.
„Сари го посочи потпишувањето на квалитетен играч од средниот ред како врвен приоритет. На тренерот му се допаѓа Лофтус-Чик, но тешко е дека може да му го „украде“ на Милан, а и неговата плата е превисока. Малку помалку комплицирано, а подеднакво привлечно за тренерот, е доведувањето на Самарџиќ од Аталанта. Клубот од Бергамо му плати на Удинезе 20 милиони евра за него и, очигледно, нема да прифатат понуди пониски од тоа“, се вели во текстот.
Лацио е осми на табелата со 23 бода и во случај на добро продолжение на сезоната, може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, додека Аталанта е нивен конкурент со бод помалку и позиција подолу.
Лазар Самарџиќ одигра вкупно 18 натпревари оваа сезона за Аталанта во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија, постигна три гола и забележа две асистенции.
Foto/ freerangestock
Спорт
Норвешки биатлонец пронајден мртов во својата соба
Норвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина на 27-годишна возраст, потврди Меѓународната унија за биатлон (IBU).
Локалните медиуми објавија дека Бакен е пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лавацо во италијанските Алпи, каде што бил на тренинг камп.
„IBU е длабоко шокирана и тажна од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Враќањето на Сиверт во биатлонот по тежок период беше извор на голема радост за сите во семејството на биатлонот и инспиративен доказ за неговата отпорност и решителност. Неговата смрт на толку млада возраст е невозможно да се замисли, но тој нема да биде заборавен и ќе остане во нашите срца засекогаш“, објави IBU.
За време на неговата кариера, тој учествуваше во 31-та трка од Светскиот куп, а ја постигна својата единствена индивидуална победа во Холменколен во 2022 година.
На Бакен му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, што го исклучи од сезоната 2022/23. Тој се врати на натпреварувањето во ноември 2024 година, 984 дена по неговата победа во Холменколен.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Сан Антонио е криптонит за Оклахома
Кошаркарите на Сан Антонио, втор пат во последните 10 дена, успеаја да забележат победа во дуелот со шампионот Оклахома. Изминатата ноќа, Сан Антонио убедливо ги победи Тандер со 130:110.
Сан Антонио фатија ритам, ја забележаа седмата победа во последните осум натпревари. Единствениот пораз во таа серија беше оној во финалето на Купот против Њујорк во Лас Вегас.
Спарс до победата ги предводеа Келдон Џонсон со 25 поени, Стефон Касл со 24 и Харисон Барнс кој го заврши натпреварот со 20 поени. Потфрли Виктор Вембањама само 12 поени, пет скока и три асистенции.
За Оклахома, која го претрпе четвртиот пораз оваа сезона, актуелниот МВП Шеј Гилџис-Александер беше убедливо најпродуктивен со 33 поени, но немаше најдобра поддршка од повеќето соиграчи.
Чет Холмгрен придонесе со само седум поени (3/10 од поле).
Џејлен Вилијамс беше втор стрелец во тимот со 17 поени, додека Лугуренц Дорт даде 15.
По серија одлични резултати, 14 победи во 17 натпревари, Сан Анонио се проби на второто место на табелата во Западната конференција. Оклахома е лидер на Западот и воопшто во лигата, но Тандер загубија три од последните пет натпревари. Пред тоа, тие имаа скор од 24-1.
Ова беше и најтешкиот пораз на шампионот и првиот двоцифрен пораз.
Foto/ EPA

