Црна хроника
Сопатник на моторциклист загина во сообраќајка
Жител на прилепското село Ерековци во неделата околу 19 часот загина во тешка сообраќајка што се случила во битолското село Ношпал.
Автомобил „шевролет матиз“, управуван од 25 годишен жител на селото Ношпал удрил во моторцикл управуван од 21 годишен жител од прилепското село Ерековци. На лице место починал сопатникот на моторциклистот, 36-годишниот Горанчо Р.
Телото на починатиот предадено за обдукција./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

