Регион
Во Турција приведени 20 осомничени за џихадизам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/n_102461_1.jpg)
Турската полиција во четвртокот рано утрото во јужниот град Адана уапсила дваесет лица, за кои постојат сомневања дека се припадници на џихадистичката терористичка организација Исламска држава.
Антитерористичките сили на турската полиција, помогнати со хеликоптер, извршиле упади на 22 домашни адреси во Адана, по дојава дека локална ќелија на Исламската држава подготвува напади, пренесува агенцијата Dogan.
Осомничените, меѓу кои има и високи лица од локалните власти, се одведени во полициската управа на испитување.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно изјави дека џихадисти на Исламската држава по потекло од земјите од поранешниот Советски сојуз стојат зад нападот во јуни врз меѓународниот истанбулски аеродром „Ататурк“, кога беа убиени 45 луѓе. Во врска со овој напад се уапсени близу сто лица.
Исламската држава ја контролира областа во Сирија по должина на турската граница, источно од турскиот град Адана. Градот се наоѓа во близина на воздухопловната база „Инџирлик“ каде се стационирани и американските и авионите на коалицијата предводена од САД кои вршат напади врз џихадистичките позиции во Сирија и во Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trkalo-Alkesandar-Vucic.jpg)
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/santorini.jpg)
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.