Црна хроника
Битолчани краделе во Велес
Четворица битолчани пред четири дена дојшле во Велес и украле злато вредно милион денари од златарница во Велес. Битолчаните во златарницата платиле рачен часовник а си заминале со скапиот златен накит
Дијана Иванова, од ВелесКражбата ја извршил најмладиот од нив 15 годишниот Д.М Тој заедно со четириесет и едно годишниот Е.М, осумнаесет годишниот А.С. и деветнаесет годишниот М.К. најпрво влегле во златарата, се распрашувале за парфеми и часовници, барале од продавачката да им ги покажува и додека тројцата се обидувале да и го свртат вниманието Д.М. ја украл ролната во која стоел златниот накит и со еден од пријателите побегнал од продавницата. Е.М. купил часовник и откако вработената му го наплатила тој не почекал да ја добие фискалната сметка, туку веднаш избегал. На паркингот го чекале другите битолчани, го запалиле возилото и избегале кон Скопје.На бензиска пумпа во близина на Скопје тие запреле да наполнат гориво. Тогаш М.К. кој управувал со возилото го забележал златото во џебот на Д.М. , се изненадил, но Е.М. дури тогаш му рекол дека од Велес украле злато, да молчи пред полицијата за што ќе биде награден.Случајот веднаш бил пријавен во велешката полиција и по преземените истражни дејствија А.С. и М.К. набргу се приведени во полициската станица. Вработената во златарата ги препознала арамиите. Двајцата обвинети Д.М. кој го украл златото и Е.М. се уште се во бегство.СВР Велес до основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против Д.М. Е.М. и А.С. за сторено кривично дело тешка кражба додека против М.К. за помагање при извршување на кражбата. Инаку, според СВР Велес Е.М. и Д.М. на полицијата и биле познати од поодамна и досега биле пријавувани за слични кривични дела извршени во земјава и земјите од соседството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

