Спорт
Павел Андреев, четврто засилување за РК Вардар

Ракометниот првак Вардар е пред комплетирање на ова двојна круна, а почна да го формира тимот за следното издание во Лигата на шампионите. Вардар го засили тимот со рускиот интернационалец Павел Андреев (194 см/96 кг) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи и игра на пивотменската позиција.
Андреев, кој има 29 години од 2006 година, е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.
Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде еднакво цврста како и досега и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.
Во сезоната 2019/2020 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.
Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, а актуелната сезона во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.
Андреев е четврто засилување за Вардар по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шредер и Вагнер не дозволија изненадување – Германија ќе се бори за златото на ЕП

Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Германија, први изборија пласман во финалето на Европското првенство. Германија, во првото полуфинале на 42. Евробаскет, ја победија Финска 98:86 (30: 26, 31:21, 20:26, 17:13).
Германците беа фаворити пред дуелот со најпријатното изненадување на првенството и таа улога во целост ја оправдаа.
Финците добро отворија водеа со 12:4 и 18:11, потоа Германците направија серија 0:11, ја презедоа контролата врз натпреварот, а полувремето го заврши со постигнати 61 поен.
Имаа Германците неколку пати предност и од 19 поени, но Финците одбиваа да се предадат, дојдоа во финишот на третиот период на негатива од шест поени, а во последната четвртина се влезе со предност од осум поени за Германија.
Финците во решавачкиот период промашија се што можеа, постигнаа само два поени во првите четири минути, не блескаа ниту Германците, но барем ја одржуваа двоцифрената разлика.
Финците имаа повеќе скокови (38-35), Германија имаше четири асистенции повеќе (23-19), Германците погодија три тројки повеќе (14-11), од 33 обиди колку што имаа и Финците. Повторно в очи паѓа односот на слободните фрлања и повотрно е во корист на Германија (31-18).
На крајот заслужен триумф на Германците кои в недела ќе се борат за своето второ злато кога станува збор за континеталните шампионати. Противник ќе им биде победникот од натпреварот меѓу Грција и Турција.
Денис Шредер со 26 поени, 12 асистенции и четири скока ја предводеше Германија. Франц Вагнер 20 од 22 поени постигна во првото полувреме.
Кај Финска се истакнаа Оливие Енкамуа со 21 поен и девет скока, односно Лаури Марканен со 16 поени и осум скока.
Foto/ EPA
Спорт
Црвена звезда го продаде најдобриот стрелец

Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ.
Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра.
Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во Турција, бидејќи во Црвенз звезда дојде од Адана, каде што играше две сезони.
Во дресот на Црвена Звезда, тој постигна 40 гола и запиша 12 асистенции на 89 натпревари. Освои две двојни круни и беше најдобар стрелец на првенството минатата сезона.
Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy