Црна хроника
Гостиварец грабнат за долг

Жител на гостиварското село Форино ноќта кон петокот бил пресретнат и грабнат кај наплатната рампа кај Тетово од лица кои барале од него да врати долг, а по извесно време бил пуштен со закани по животот на членови од неговото семејство.
Инцидентот се случил околу 23,30 часот во четвртокот, кога 51-годишниот М.М од плаќал патарина, а патот му го попречило друго возило од кое излегле три лица од кои две од Гостивар и едно од Тетово и го внеле во нивното возило по што се упатиле кон Тетово.
Гостиварецот бил тепан, а грабнувачите му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото семејство доколку не го врати паричниот долг на едно од лицата.
Откако по некое време пуштен, М.М случајот го пријавил во полиција, а полицијата во саботата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени две лица при претрес во Пробиштип

Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Татко со двајцата синови натепал маж во Батинци, едниот го удирал со камен додека лежел на земја

Скопското Обвинителство отвори истрага за татко и неговиот 18-годишен син, осомничени за насилство. Поведена е постапка и против вториот син на возраст од 15 години во согласност со Законот за правда за децата.
Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден оштетен во селото Батинци и започнале да му се закануваат, поради претходна расправија на оштетениот со детето. Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото.
Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите. Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните сторители.
Црна хроника
Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил

Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево.
Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.