Црна хроника
Kривична пријава против скопјанец за „изработка и употреба на лажна платежна картичка”

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.С.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка по член 274-б од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот во текот на март 2022 година, откако претходно ги обезбедил банкарските податоци од платежна картичка на неговата поранешна сопруга, прибавените податоци ги употребил за вршење на 11 трансакции на интернет-продажни места, во вкупен износ од 13.684 денари, од кои 7 успешни, а 4 неуспешни, со што остварил противправна имотна корист во висина од 9.095 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит Пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко е повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.