Спорт
Марјановиќ го напушти Далас

Далас маверикс и Хјустон рокетс измината ноќ си разменија играчи. Далс го напушти миленикот на навивачите, српскиот центар Бобан Марјановиќ.
Во замена за Марјановиќ, Далас го доби Кристијан Вуд, кој игра на позициите „четири“ и „пет“. Покрај Марјановиќ, Маверикси кај ривалот од Тексас испратија уште тројца кошаркари.
Марјановиќ дојде во Далас во 2019 година и за тоа време не играше многу, но стана еден од омилените соиграчи и миленик на навивачите.
За 33-годишниот центар Хјустон ќе биде шестиот НБА-тим во кариерата, откако претходно настапуваше за Филаделфија, ЛА Клиперс, Детроит и Сан Антонио.
Покрај Марјановиќ, Далас мораше да се раздели и со Треј Бурк, Маркиз Крис и Стерлинг Браун за Вуд, а Хјустон го добија и 26.пик од првата рунда на овогодинешниот драфт.
Поранешниот играч на Црвена звезда минатата сезона имаше просек од 4,3 поени и 1,7 скока за 5,6 минути во просек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025
Спорт
(Видео) Жота го доближи Ливерпул до шампионската титула

Диого Жота го реши дербито на Мерсисајд и го донесе Ливерпул на чекор до титулата во Премиер лигата.
Првото полувреме на „Енфилд“ не донесе многу возбудувања. Ливерпул имаше поголем посед, но без големи шанси. На другата страна Бето ја погоди стативата во 33. минута, а на истиот играч 13 минути претходно му беше поништен гол поради офсајд.
Ливерпул не беше многу поагресивен ниту на стартот на вториот дел. Сепак, во 54. минута се случи моментот на одлука. Жота доби додавање од Луис Дијаз и го постигна единствениот гол.
Евертон се обидуваше до крајот на мечот барем да израмни, но не направи ништо сериозно.
Ливерпул ја задржа предноста од 12 бода пред Арсенал на осум кола пред крајот и само чудо можеше да ги одвои „црвените“ од титулата, прво по сезоната 2019/20.
Резултати:
Бурнмут – Ипсвич 1:2 (0:1)
Еванилсон 67 – Броудхед 34, Делап 60
Брајтон – Астон Вила 0:3 (0:0)
Рашфорд 51, Асенсио 78, Мален 90+10
Манчестер Сити – Лестер 2:0 (2:0) Грилиш 2, Мармуп 29
Њукасл-Брентфорд 2:1
Исак 45+2,Тонали 74 – Мбеумо 66п
Саутемптон – Кристал Палас 1:1 (1:0)
Онуачу 20 – Матеус Франка 90+2
Спорт
(Видео) Мело Ентони влегува во Куќата на славните

Легендарниот кошаркар Кармело Ентони ќе биде примен во Куќата на славните.
„Ентони ќе стане првиот кошаркар што ќе влезе во Куќата на славните на Нејсмит оваа година“, објави кошаркарскиот инсајдерски Шамс Чаранија.
Кармело зад себе има неверојатна кариера со 19 години минати во НБА и за тоа време шест пати успеа да биде член на најдобрата петорка во сезоната.
Покрај тоа, Ентони беше учесник на десет Ол-стар натпревари, додека со репрезентацијата на САД освои дури шест златни медали на Олимписките игри.
Популарниот Мело својата најголема трага ја остави во тимот на Денвер Нагетс каде настапуваше осум години. Потоа шест години беше член на Њујорк Никс, а на залезот на кариерата играше за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес Лејкерс, кој беше неговиот последен клуб во кариерата.