Топ
Две лица загинаа во Струмичко, со трактор излетале од патот
Две лица загинаа кога со трактор излетале од локалниот пат од с. Трибичино кон с. Едрениково, Струмичко, на местото наречено Бресто.
Од добиените повреди на местото на несреќата починал З. бС., а повреди добил К. К. (74) од с. Владевци, кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити
Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека Европскиот фронт ќе се распадне по изборите на 8 мај, притоа потенцирајќи дека експонентите на ЕФ веќе контактираат со Мицкоски.
„Не знам што ќе остане од Фронтот, бидејќи отсега некои поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски. И некои експоненти јавно кажаа, како што е господинот Тачи, малите заедници, така што не знам што ќе остане од Фронтот“, рече Меџити.
Македонија
„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност
Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.
Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.
Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.
„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.
„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.
Тој заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.
Македонија
Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите
Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа на 36 место, што е за две места подобор од 38 место претходната година.
„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се наведува во извештајот на Репортери без граници.
Репортери без граници ја издвојува Аргентина под новиот претседател Хавиер Милеи, која падна за 26 места, од 40 на 66 место и пишува за „спектакуларната мимикрија на руските репресивни методи“ низ Источна Европа и Централна Азија, вклучително и во Србија, каде што „провладините медиуми емитуваа Руска пропаганда, а властите им се закануваат на руските новинари во егзил“.
Индексот на слободата на медиумите и натаму го предводи Норвешка, потоа Данска и Шведска, а најлоша е ситуацијата во Еритреја, која го презеде дното на листата од Северна Кореја. Меѓу најлошите десет се и Кина, Иран, Авганистан и Сирија, пишува агенцијата Франс прес.
И Босна и Херцеговина падна многу на овогодинешната листа и сега е на 81 место, Србија е уште полошо, на 98 место, Црна Гора е на 40, Хрватска на 48 место, а Словенија на 42. Од земјите на ЕУ, послаб индекс на слободата на медиумите имаат Романија, Бугарија, Кипар и Грција, која според овој критериум е на 88-то место, најлошо во Унијата.
Албанија е на 99 место, а Косово на 75, според извештајот.