Спорт
Tридневен спортски спектакл на FIBA 3х3 баскет турнирот во најатрактивната арена на отворено тоа е Скопје сити мол
Од 1 до 3 јули катната гаража на Скопје сити мол беше претворенa во вистинска спортска арена за rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија и Скопје сити мол. На првиот ден од турнирот U18, се натпреваруваа осум екипи под 18 години, а првото место го освои екипата Outsiders, второто – екипата Chair Eagles, а со бронза се закити екипата Threesome.

На Satelite турнирот за натпреварувачи над 18 години учествуваа 5 странски и 7 македонски екипи – златото отиде во рацете на G-unit од Бар, Црна Гора, второ место освои екипата на Кино Влае, а третото место го освои екипата Godesnt Битола. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Алекса Вујадиновиќ од победничката екипа.
Победниците на натпреварот добија парична награда од 2.000 евра и слот за учество во Challenger турнирот, за освоеното второ место беше доделена награда од 1.000 евра, а пригодни подароци добија сите учесници на натпреварите.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA како дел од календарот на светската куќа на кошарката, а со него стартува и 3х3 летната лига на територијата на Македонија. Значењето и популарноста на овој спорт се зголемуваат со промовирањето на 3х3 баскетот како официјална олимписка дисциплина на последните Олимписки игри. Во Македонија главен промотор на овој спорт е здружението “3×3 Basketball Skopje” кое оваа година го прославува петтиот јубилеј, а Скопје сити мол е традиционален партнер на овој турнир четврта година по ред.

„Чест ни е што ја задржуваме традицијата да го поддржиме и да помогнеме во промоцијата на овој урбан уличен спорт, кој се избори за своето место и на Олимписките игри. Со задоволство бевме домаќини и на катната гаража направивме спортска арена за дваесет екипи кои учествуваа на турнирот и се погриживме за врвно доживување на сите ‘баскетболџии’и на сите посетители. А кога ќе се спојат два јубилеи – пет години ‘3 на 3 баскет Скопје’ и десет години Скопје Сити Мол, 3х3 баскет турнирот станува вистински спортски и забавен спектакл, на отворената арена на катната гаража во омилениот трговски центар. Веруваме дека го доближивме 3 на 3 баскетот до поголем број на млади и дека наредната година ќе имаме уште повеќе екипи и натпреварувачи“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг-менаџер на Скопје сити мол.

Турнирот беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт и Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија, а своја поддршка дадоа и “Bako Nuts” и Комерцијална банка, како и Ред Бул, Пан Европа – Галерија, Беоспорт и Винчини.

За доживувањето да биде потполно, покрај официјалниот дел со баскет натпреварите 3 на 3, Скопје Сити Мол подготви вистински спортски и забавен спектакл со натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

