Надворешна политика
Земан: Македонија се справи со мигрантската криза подобро од некои од членки на ЕУ
Република Македонија стори многу кога станува збор за справувањето со предизвиците наметнати со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои држави членки на Европската унија, истакна во четвртокот претседателот на Чешката Република, Милош Земан, пред медиумите денеска во Охрид, пое средбата со неговиот домаќин, претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.
„Тука сум во Македонија за да ја изразам почитта и личното признание за начинот на кој македонскиот народ се справи мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата, туку и границата на Европа. Нашиот став е дека Република Македонија покажа далеку поголема одважност од некои од државите членки на ЕУ и НАТО и оттаму сакам да ја изразам потполната поддршка на Република Македонија за нејзина целосна евроатлантска интеграција“, истакна Земан. Претседателот Иванов од своја страна ја истакна потребата од глобален и координиран ангажман и засилена соработка меѓу државите при справувањето со сите новонастанати предизвици, особено на безбедносните ризици и закани, притоа изразувајќи благодарност до претседателот Земан за целокупната поддршка што Чешката Република ја дава на Македонија во справувањето со бегалската криза – со присуството на чешки полицајци, како и со помошта во опрема за контрола на границата. Што се однесува на македонските стгратешки цели – зачленувањето во ЕУ и НАТО, во разговорот со чешкиот гостин Иванов ја нагласил потребата од заживување на процесот на проширување на двете организации. Негова забелешка е дека интегрирањето на целиот регион во ЕУ и НАТО е од суштинско значење за регионалниот мир и стабилност, и најсоодветен одговор на сите предизвици како миграцијата и безбедноста, а воедно ќе придонесе и за зајакнување на демократските институции и економски развој. „Сведоци сме дека статус-кво состојбата не донесе ништо добро. Напротив, блокирањето на европската и евроатлантската иднина придонесе и кон блокирање на политиките процеси и внатрешна стагнација во Македонија, рече Иванов, притоа изразувајќи уверување дека Чешката Република како докажан и принципиелен пријател и партнер ќе продолжи да ја поддржува Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели. Претседателот Иванов на Милош Земан во Охрид му го врачи највисокото државно одликување на Република Македонија, Орденот „8 Септември“, како израз на благодарност до него лично, но и и до чешкиот народ и држава и до сите претходни чешки лидери за сета досегашна поддршка и помош. Посетата на високата чешка делегација продолжува и утре со Македонско-чешкиот бизнис форум, како можност за остварување контакти на стопанственици на двете држави, во насока на интензивирање и унапредување на економската соработка за која обострана оценка дека не е на нивото на условите и постојниот потенцијал./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.