Македонија
Џафери одлучи францускиот предлог да оди на пленарна седница, но нема датум кога
И покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ информацијата за францускиот предлог да биде разгледана од Собранието без комплетните документи, претседателот Талат Џафери одлучи дека за ова ќе се дискутира на пленарна седница. Засега нема датум за нејзино одржување, а пратениците на Левицата и претходно реагираа дека без францускиот предлог, ќе се најде на пленарна седница, без разгледување на надлежните комисии, што го сметаа за противделовнички.
„Во согласност со Деловникот на Собранието, претседателот ја доставува информацијата до пратениците во форма во која е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба, која му овозможува на претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, информацијата што што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување заклучоци во однос на информацијата“, велат од Собранието.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека не може Собранието да разгледува само еден лист хартија, колку што било доставено од Владата, ќе биде пренесена до владините претставници.
„Претставникот на Владата, Бојан Маричиќ, одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од координација до Владата за потребата да се дополни информацијата со материјалите што се јавно достапни за целата јавност, а во информацијата се наведени како референца“, додава Собранието.
На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми, и на Алијансата за Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии Беса, Алтернативата и Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

