Црна хроника
Лажен јавен обвинител измамил кавадарчанка, ѝ одзел 12.000 денари
Вчера, во 10.40 часот, во ОВР Кавадарци, 62-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против син ѝ наводно се водела судска постапка.
Како што е пријавено, лицето ѝ побарало 300 евра за да му помогне на син ѝ во судски процес, а кога му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси-возило во Гевгелија по што го прекинало контактот со неа.
Се работи на расчистување на случајот по што ќе следува соодветна пријава, најави полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.